Контакт

Свет

Четири загинати во напад на американско беспилотно летало во Пакистан

Објавено пред

Четири лица за кои се верува дека се бунтовници, убиени се во понеделникот во бомбардирање на американско беспилотно летало во северозападен Пакистан, соопштија претставници на локалните власти

dobivaj vesti na viber

Две ракети биле истрелани од беспилотно летало врз автомобил во местото Азам Варсак, 15-ина километри западно од градот Вана, главен град на северозападната пакистанска покраина Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан. Во ова упориште на талибанските бунтовници и припадниците на Ал Каеда, пакистанската армија презеде пред две години офанзива, и иако се тврди дека исламистичките  милитанти претрпеле тешки загуби, сé уште во овој регион се извршуваа операции на пакистанската војска и а чести се и воздушните напади на американските беспилотни летала. Ова е прв напад на беспилотни летала на САД по 12-ти јули кога беа погодени еден автомобил и куќа, при што загинаа шестмина бунтовници во соседната провинција Северен Вазиристан. „Најмалку четворица бунтовници загинаа во бомбардирањето“, изјавил началникот на локалната безбедносна служба.. Бројот жртви во воздушниот напад за AFP го потврдил уште еден неименуван извор од безбедносните служби на Пакистан, но тој не можел да го прецизира идентитетот на загинатите. Податоците за жртвите во судирите и при нападите на беспилотните летала кои ги објавуваат пакистанските безбедносни служби не е можно да се проверат, бидејќи тие региони се под контрола на исламистичките бунтовници. Исто така, во овој регион е забранет и пристапот за новинарите.Областите Северен и Јужен Вазиристан се наоѓаат во ткн. паштунски племенски регион (или со официјален назив – федерално административно управувани племенски области), каде што постојните федерални пакистански закони не важат, и каде што сојузната полиција нема овластувања, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Системот на широка автономија на планинските Паштунски племиња е воспоставена уште од времето кога Пакистан беше колонија на Велика Британија, на почетокот од XX век. По објавувањето на независноста на Пакистан, во 1947 г., овој систем на управување не се измени, зачувувајќи ги привилегиите за паштуните. Денес во племенската зона постојат седум ткн политички заедници – еден вид племенски мини-држави, кои се под пакистанска централна власт: Бајур, Мохманд, Кхибер, Курам, Орказај, Северен и Јужен Вазиристан. Според пакистанските власти и сомневањата на Вашингтон, во овие подрачја засолништа нашле илјадници борци на џихадот кои се бореа на страна на талибаните во соседниот Авганистан.Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека во ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 година, американските сили извршиле повеќе од 115 напади во оваа област, при што загинаа меѓу 700 и 900 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Во 2011 година, американските летала извршиле повеќе од 20 ракетирања на цели во северо-западниот дел од земјата. Севкупно, според различни процени, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан во нападите на беспилотните летала се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите.САД ги засили нападите со беспилотни летала во Вазиристан, откако на 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.

dobivaj vesti na viber

– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.

Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.

– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.

Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.

– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека

Објавено пред

Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.

dobivaj vesti na viber

Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.

Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

Прикажи повеќе...

Свет

Маж нападна полицаец со нож во Париз

Објавено пред

Од

Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.

Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија20 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ21 час

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија21 час

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија22 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија23 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија23 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион23 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија1 ден

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија1 ден

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 ден

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа1 ден

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет1 ден

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет1 ден

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа1 ден

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија2 дена

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет2 дена

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...