Свет
Словенија предлага данок за нездрава храна
Словенечката опозиција е скептична за предлогот на владата за воведување на посебни трошоци за нездравата храна по пример на некои други земји од ЕУ, како Данска и Унгарија.
Словенечката опозиција е скептична за предлогот на владата за воведување на посебни трошоци за нездравата храна по пример на некои други земји од ЕУ, како Данска и Унгарија.
Рудолф Петан, пратеник на Словенската демократска партија која ја води опозицискиот лидер Јанез Јанша во отворено писмо до владата тврди дека оданочувањето на брзата храна дополнително го загрозило животниот стандард на граѓаните најпогодени од економската криза и неодговорно водење на државата, за што е виновна актуелната влада на Борут Пахор, наведуваат словенечките медиуми.
Иако се планираше воведување на данок на слатки и засладени безалкохолни пијалоци популистички ја оправдува новата здравствена политика, станува збор за исклучива намера на владата да осигура нов приход бидејќи прехранбените навики на оние кои ги погодила кризата е тешко на тој начин да се сменат, се наведува во писмото, прашувајќи даки владата има план да го стимулира трошењето на здрава храна и кој ќе одредува која храна е здрава, а која нездрава.
Предлогот на владата за воведување на данок за нездрава храна , како што се наплаќа за цигари и алкохол, го поддржаа од здравствените установи, но со предупредување дека добиените средства треба да се наменат за едукација за промена на животниот стил и начинот на исхрана.
Според нивната оценка на тој начин би можел да биде успорен трендот на растечката појава која им прети на младите генерации и која е главна причина за зголемениот број на дијабетичари, но и останатите болести кои доаѓаат од преголема телесна тежина./крај/дхр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

