Свет
Заврши заложничката драма во естонското министерство за одбрана
Естонската полиција уапси еден маж, по пукотниците и експлозијата која се случи во зградата на Министерството за одбрана на Естонија, пренесе државното радио.
Естонската полиција уапси еден маж, по пукотниците и експлозијата која се случи во зградата на Министерството за одбрана на Естонија, пренесе државното радио. Во извештајот се наведува дека во инцидентот нема повредени и дека сите заложници се ослободени. Портпаролот на полицијата соопшти дека мажот кој пукал оган во Министерството за одбрана се самоубил. Портпаролот на министерството Петер Куимет изјави само, дека се случил инцидент „ во кој било употребено оружје“, во зградата на Министерството за одбрана и дека набргу пристигнала полицијата. Владиниот портпарол Мартин Јаско рече дека сите вработени во министерството биле евакуирани од зградата и дека полицијата го блокирала пристапот до неа. Засега нема повеќе информации за инцидентот. крај/бл/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

