Свет
Во Либија убиени 11 бунтовници
Либиските бунтовници на источниот фронт во последните 24 часа загубиле 11 лицa во обидот за го заземат стратешки важниот нафтен терминал и рафинеријата во Брега на брегот од Средоземното Море, соопштија болнички извори.
Либиските бунтовници на источниот фронт во последните 24 часа загубиле 11 лицa во обидот за го заземат стратешки важниот нафтен терминал и рафинеријата во Брега на брегот од Средоземното Море, соопштија болнички извори. Како што пренесува Reuters, извори од болницата во градот Аџдабија во североисточниот дел од Либија, изјавиле дека во четвртокот и петокот биле ранети околу 50 луѓе. Еден цивил настрадал кога ракети истрелана од позициите што ги држат војниците лојални на либискиот лидер полковникот Моамер ел-Гадафи, ја погодила неговата куќа. Како што тврдат бунтовниците, тие успеале да заземат станбен блок од Брега, 15 километри оддалечен од нафтениот терминал и од пристаништето. Претставниците на бунтовниците веруваат дека со заземање на пристаништето кое се наоѓа 750 километри од либиската престолнина Триполи, ќе направат пресврт во граѓанската војна којашто трае веќе половина година во своја полза. Тие сакаат што е можно поскоро да извезуваат нафта преку Брега, но борбите за овој град траат со месеци. Во западниот дел од земјата бунтовниците се обидуваат да се пробијат посеверно кон градот Завијах, од каде што би можеле да го напаѓаат упориштето на Гадафи во главнито град. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

