Свет
Германија одбележува 50 години од изградбата на Берлинскиот ѕид
Берлин денеска одбележува 50 години од изградбата на ѕидот кој 28 години го делеше овој град, а се оддава почит и на оние што загинале во обидот да го преминат.
Берлин денеска одбележува 50 години од изградбата на ѕидот кој 28 години го делеше овој град, а се оддава почит и на оние што загинале во обидот да го преминат.
Ноќта меѓу 12-ти и 13-ти август 1961 година претседателот на Источна Германија, Валтер Улбрихт издаде наредба за почеток на операцијата за подигнување на бариера која подоцна стана позната како Берлински ѕид.
Повеќе од 10.000 источногермански војници тогаш добија задача да изградат „ѕид за заштита од фашизмот“ кој ќе овозможи да се запре егзодусот на населението на Источна Германија на подрачјето под сојузничка окупација и да се спречи нивно бегство преку капиталистичката енклава Западен Берлин. Дотогаш, повеќе од 2,5 милиони луѓе ја напуштија Источна Германија која во тоа време броеше околу 19 милиони жители.
Скриени во автомобили, копајќи тунели и прескокнувајќи преку ѕидот, жителите на Источна Германија и натаму на сите можни начини се обидуваа да преминат на запад. 136 од нив загинаа под ѕидот, додека вкупно животот го загубија околу 600 до 700 лица во обидот да го напуштат комунистичкиот режим.
Предвидено е во рамки на бројните манифестации на кои ќе учестува и германскиот државен врв, напладне да се огласат и црковните ѕвона. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

