Свет
Убивање на вистината: Западните медиуми учесници во нападите на НАТО врз Либија
Западните медиуми се покажаа во Либија повеќе од кога било, како систематски соучесник во криминалната војна врз светот од страна на западните капиталистички сили, оценува „Глобал рисрч“
Западните медиуми се покажаа во Либија повеќе од кога било, како систематски соучесник во криминалната војна врз светот од страна на западните капиталистички сили, оценува „Глобал рисрч“Досега Либија се соочуваше со воени напади врз својата суверена земја, уништување на цивилната инфраструктура, убиства на жени и деца и кршење на меѓународниот закон – а сега се соочува со комплетна лоботомија на јазикот и извртување на вистинското значење на зборовите. И во овие злосторства против законот, човечноста и моралноста, западните медиуми играат скандалозна и витална улога. Во изминатите пет месеци, САД, Британија, Франција и другите членки на НАТО силите ја нападнаа Либија со 8.000 авиони, додека светот беше сведок на заедничка кампања на воени злосторства насочена кон уривање на владата на Моамер Гадафи.Илјадници цивили беа убиени во ненадејно напаѓање, кое всушност беше оркестрирано преку Обединетите нации како интервенција „за заштита на цивилите“. Без оглед на незадоволството против Гадафи, тие не можат да се споредат со уништувањето и крвопролевањата кои беа зададени од страна на НАТО. Како е можно да се постигне такво деформирање на меѓународниот закон и во исто време да изгледа нормално и прифатливо? Тоа е така бидејќи западните сили го деформираа вистинското значење на јазикот заедно со нивните криминални акции. Ова е пропаганда зазема една нова димензија, каде што изречувањето на разумна критика е скоро невозможно бидејќи рамката на зборови е неразбирлива и едвај одговорлива. Во претходните империјалистички интервенции, на пример Авганистан и Ирак, западните сили барем го користеа зборот „војна“ кога зборуваа за своите егоистични акции. Во поранешна Југославија и Сомалија, барем го слушнавме терминот „хуманитарна војна“. Пред тоа, беше „студената војна“, „војната на комунистите “. И покрај тоа што овие“ војни “ биле ништо друго освен измамничко прикривање на империјалистичка контрола на ресурси.Меѓутоа во случајот на Либија зборот „војна“ е целосно избришан од дискурсот на западните интервенции. Сега се вика “одговорност за заштита на цивилите“. Овој дисартикулиран јазик и значење се повторува иако фактичката вистина за она што се случува е тотална потврда на зборот „војна“. И не само „војна“ туку “криминална војна“.во Во вистинските рамки на фактот, вистината, законот и моралноста, бомбашките напади на НАТО врз цивилите се сметаат како воено злосторство. Но, во абнормалните и ужасните рамки на западната империјалистичка пропаганда тие напади се нарекуваат „заштита на цивилите“ и „подршка на демократијата“. „Ова е војна во секој поглед освен во поглед на терминот кој се користи за опишување на оваа ситуација“, вели Мајкл Чосудовски. „Ова се воени злосторства во секој поглед. И западните медиуми се соучесници на овие воени злосторства. Со искривување на вистината, западните медиуми направија луѓето да ги прифаќаат апсурдите. Ако луѓето почнат да веруваат на тоа што го кажуваат западните медиуми, тогаш за брзо време тие ќе почнат да прифаќаат како нормални ужасните работи кои се случуваат “. Либија може да се види на чело на орвелова функција – што значи надир во вистинска смисла. Со замижување на едното око при покривање на настаните во Либија, западните медиуми служеа како министерство за дезинформација на НАТО. За пет месеци, бомбардирањето на Либија во медиумите беше претставено како „одговорност за заштита на цивилите“. Се криеше бројот на жртви во нападите на НАТО; се криеше фактот дека НАТО создал услови за покревање на мали бунтови; се криеше дури и фактот дека НАТО соработувал со деспотските арапски режими на Саудиска Арабија и Катар кои имале за да се здобие со контрола на огромните резерви на нафта. За сето време, западните медиуми соработувале со НАТО силите и ја извртуваа вистината, реалноста и нормалниот јазик за да може да ги скријат воените злосторства – најновата епизода сега е “триумф во Триполи.“Спротивно на тоа, репортерот на Global Research Махди Наземроаѕа и репортерот на Voltaire network Тјери Мејсан настојуваат да се пренесуваат фактите и вистината за војната на НАТО врз Либија. Тие ја поддржаа својата репортажа со видео снимки од последиците од бомбардирањата кои беа насочени кон цивилите. Како што Наземроаја неодамна изјави: „Ова е кампања на теророт од страна на НАТО“. Западните медиуми ги опишуваат последните напади на НАТО врз Триполи како триумфални – иако сето тоа е последица од пет месечниот терор наметнат од страна на НАТО.За разлика од западните медиуми, вклучувајќи ги CNN и BBC, Global Research ја кажа вистината за акциите на НАТО врз Либија. Сега личната безбедност на независните новинари е сериозно загрозена. Нивните животи се загрозени. Вознемирувачки е фактот што илузијата на НАТО за „одговорност за заштита“ во наредните месеци и години ќе прерасне во уште поголемо изобличување. Додека Либија пополека се преобразува во уште еден Авганистан или Ирак, НАТО силите веќе се подготвуваат да се повикаат на својот криминален мандат и да обезбедат заштита со повеќе „луѓе на терен“, со употребата на ескадрон на смртта и немилосрдна манипулација на политичките застапници.Ако западната јавност изгледа збунета од „војните без крај“ на нивните влади – бескрајниот неред, кеси за тела, нефункционални администрации во далечните земји, терор и големи воени трошоци – тогаш првата работа која што треба да ја направат е да го затворат „министерството за дезинформации“. /крај/тз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

