Свет
Гадафи негира дека е во Нигер, ветува пораз на НАТО
Либискиот водач Моамер Гадафи денеска ги негираше наводите дека побегнал во соседен Нигер, додавајќи дека таквиот извештај претставува „психолошка војна и лага“ и вети дека ќе го победи НАТО за кој што вели
Либискиот водач Моамер Гадафи денеска ги негираше наводите дека побегнал во соседен Нигер, додавајќи дека таквиот извештај претставува „психолошка војна и лага“ и вети дека ќе го победи НАТО за кој што вели дека губи сила.
„Немаат ништо друго освен да применат психолошка војна и лаги“ рече Гадафи во првото обраќање по неколку дена, објавено на телевизијата „Араи Оруба“, со седиште во Дамаск, во Сирија.
Коментирајќи ја изјавата дека бил виден во конвој кој одел кон Нигер, тој им порача на своите приврзаници да не губат време на „тој слаб и подол непријател“.
Тој нагласи дека НАТО ќе биде поразен, бидејќи неговите логистички можности, немало да му дозволат да ја продолжи воената интервенција.
„Подготвени сме во Триполи и секаде да ги зајакнеме своите напади против стаорците и платениците“ рече Гадафи.
Откако бунтовниците го заземаа Триполи на 23 август, Гадафи повеќе пати им се обраќаше на своите приврзаници преку снимки кои што ги објавуваше ТВ „Араи“, со која управува поранешниот ирачки сунитски амбасадор Мишан ал-Џубури. Тој е единствениот кој што од тогаш бил во контакт со Гадафи и тој тврди дека поранешниот либиски лидер и неговиот син Саиф ал Ислам и понатаму се во Либија.
„Можам да ви кажам дека неодамна разговарав со Гадафи. Тој е во Либија, во многу добро расположение, се чувствува силно, не се плаши и би бил среќен да загине борејќи се против окупаторот“ изјави за француска агенција.
Нигер негираше дека Гадафи е во таа земја и дека конвојот со 200 автомобили ја преминал либиско-нигериската граница. Националниот преоден совет соопшти дека пратил тим во нигериската престолнина Ниамеј за да спречи евентуално бегство на Гадафи./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.