Свет
Бројот загинати во индиско-непалскиот земјотрес се зголеми на 45
Билансот на жртвите во земјотресот што во неделата доцна навечер ја погоди областа на границата меѓу Индија и Непал се зголеми на 45, соопштија локалните медиуми а десетици се повредени.
Билансот на жртвите во земјотресот што во неделата доцна навечер ја погоди областа на границата меѓу Индија и Непал се зголеми на 45, соопштија локалните медиуми а десетици се повредени.Најмалку 23 лица загинаа во североисточната индиска сојузна држава Сиким, во уривање на зградите и лизгањето на земјиштето предизвикани од земјотресот со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер, додека во другите индиски соседни држави забележани се најмалку девет жртви.Според полициски извори, во соседниот Непал загинале шест лица, додека на Тибет загинале седум лица а 22 се повредени,Во меѓувреме, обилните дождови и лизгање на земјиштето, предизвикано од земјотресот, ги отежнуваат спасувачките операции поради што се стравува дека бројот на жртвите може да биде и поголем, пренесува AFP.Поради поројните монсунските дождови одложени се сите летови на хеликоптерите и а затворени се голем број од локалните сообраќајници до Ганкток, главниот град на државата Сиким.„Нашите спасувачки екипи се заглавени во тој коридор. Условите се ужасни, но нашите најдобри екипи се на пат кон погодените области“, соопшти портпаролот на директорот на Националните сили за справување со катастрофи, Суренда Ахлават. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 60 километри од главниот град Гангток во малата држава Сиким која граничи со Непал. Во Гангток, каде што илјадници жители ноќта ја дочекаа под ведро небо по двата силни афтер шокови со магнитуди од 6,1 и 5,3 тепени кои го следеа главниот удар, најмалку 60 лица се повредени при уривањето на објекти и во лизгањата на земјиштето.Според индиската метеоролошка служба во текот на ноќта во северо-источниот дел од земјата повеќе од 20 земјотреси/крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.