Свет
Жените во Саудиска Арабија добија право на глас
Саудискиот крал Абдула денеска изјави дека жените во оваа конзервативно муслиманско кралство ќе можат рамноправно да учествуваат во работата на шурата (советот) и да гласаат на локалните избори, што беше и главната цел на либералните активисти.
Саудискиот крал Абдула денеска изјави дека жените во оваа конзервативно муслиманско кралство ќе можат рамноправно да учествуваат во работата на шурата (советот) и да гласаат на локалните избори, што беше и главната цел на либералните активисти.
„За да не ги маргинализираме жените во општеството во сите оние улоги кои се во согласност со шеријатот, решивме, по разговорот со високите улами (свештеници) и со други, да ги вклучиме жените во шурата како полноправни членки, почнувајќи од следениот мандат“, рече кралот во говорот пред шурата и додаде дека жените ќе имаат право да се кандидираат на локалните избори, па дури и да имаат право на глас.
Активистите веќе подолго време се залагаат за поголеми права на жените кои не смеат да патуваат, да работат или да се изложат на медицински зафат без одобрение на машки член на нивото семејство, ниту пак смеат да управуваат со автомобил.
Промените ќе стапат во сила по локалните избори овој четврток, на кои жените се уште нема да имаат право да се кандидираат или да гласаат. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

