Свет
Шест лица уапсени во Велика Британија под сомневање за тероризам
Шест лица се уапсени во Велика Британија под обвинение за вмешаност во „терористички заговор“, пренесува денеска Associated Press.
Мажите на возраст од 25-32 години сe уапсен во западен Лондон во неделата во голема антитерористичка операција. Четворица од нив се обвинети за подготовка за терористички напади, еден во собирање средства за терористички активности. Според агенцијата, 30-годишниот Ирфан Насер, 26-годишниот Ашик Али, 25-годишниот Рахин Ахмед и 26-годишниот Ирфан Халид планирале терористички напади и им помагале на други терористи да се подготват за напади. Насер и Халид биле обучувани во Пакистан, каде што се минале обука за изработување експлозивни направи и за употреба на огнено оружје. Ахмед, исто така, е обвинет за помагање и логистика на лица кои изразувале желба да се се обучуваат за тероризам во пакистанските кампови. Покрај тоа, тој се грижел и за обезбедување финансии за извршување на нападите. Обвинение е подигнато и за 28-годишниот Бахадер Али и за 32-годишниот Мохамед Ризван. Како што пренесува агенцијата, британската полиција сé уште го испрашува седмиот притвореник, чие име како и поединости за неговото потекло и активности не се соопштени./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

