Свет
Ракетирана претседателската палата во Кабул
Голема експлозија одекнала во близина на претседателската палата во авганистанската престолнина Кабул, при што се повредени најмалку три лица.
Голема експлозија одекнала во близина на претседателската палата во авганистанската престолнина Кабул, при што се повредени најмалку три лица. Инцидентот се случил во неделата доцна навечер по локално време кога ракета којашто била лансирана од засега неутврдена локација е истрелана врз претседателската палата. Ракетниот напад бил проследен со пукотници, јавуваат локалните медиумии.Според други локални медиуми кои се повикуваат на изјави од авганистански официјални лица, се наведува дека истрелите се слушале од насоката на комплексот во кој се сместени канцелариите на американската разузнавачка агенција ЦИА во Кабул.Сидик Сидики, потпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, изјави дека престрелката се водела во близина на хотелот „Ариана“ непосредно до дел од комплексот во кој е сместена амбасадата на САД во Кабул.Официјален претставник на САД во Вашингтон потврди дека имало напад врз објект којшто се користи од страна на американски официјални претставници во Кабул. ЦИА и американската амбасада во Кабул досега не излегоа со коментар за инцидентот. Според поранешни американски разузнавачки извори, добро утврдениот и обезбеден објект, само неколку блока оддалечен од палатата на претседателот на Авганистан, станал седиште на персоналот на ЦИА во оваа земја, кон крајот на 2001 година, по американската инвазија врз Аганистан кога беше соборен талибанскиот режим во КабулСиноќешниот нападот се случи две седмици откако талибанските милитанти извршија напад со гранати и автоматско оружје врз американската амбасада и седиштето на НАТО во Кабул, кога во 19-часовната опсада на објектите загинаа четворица цивили и двајца авганистански полицајци./крај/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

