Контакт

Свет

Во Сирт уапсен ранетиот Гадафи

Објавено пред

Националниот преоден совет (NTC) на Либија потврди дека во неговиот роден град Сирт е уапсен ранетиот соборен водач на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, пренесува новинската агенција Синхуа.

dobivaj vesti na viber

Националниот преоден совет (NTC) на Либија потврди дека во неговиот роден град Сирт е уапсен ранетиот соборен водач на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, пренесува новинската агенција Синхуа.Според агенцијата, Гадафи бил ранет во двете нозе. Во средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации со кои се бараше по 42 години повлекување од власта на Гадафи, кои подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и опозицијата.Во текот на речиси девет месеци силите на Советот успеаја да воспостават контрола врз целата територија на Либија. Пресвртна точка во борбата против силите на соборениот режим претставуваше моментот во третата седмица од август, кога опозициските сили со поддршка од воздух на НАТО го зазедоа либискиот главен град Триполи. Засега нема веродостојна потврда за апсењето на Гадафи, за кого претставници на Советот во четвртокот по заземањето на Сирт, рекоа дека се сомневаат оти се крие во либискиот дел од пустината Сахара./крај/син/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп ќе се сретне со Шји Џинпинг во Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џинпинг оваа есен на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Трамп го објави состанокот на својата социјална мрежа Truth Social по телефонскиот разговор со Шји, велејќи дека ќе патува во Кина на почетокот на следната година и дека очекува Шји да го посети и него.

„Тукушто завршив многу продуктивен состанок со Шји од Кина“, напиша Трамп. „Направивме напредок по многу важни прашања, вклучувајќи ја трговијата, фентанилот и завршувањето на војната меѓу Русија и Украина, како и одобрувањето на договорот за TikTok“.

„Исто така, се согласив со претседателот Шји дека ќе се сретнеме на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, дека ќе одам во Кина на почетокот на следната година и дека претседателот Шји ќе дојде и во Соединетите Држави во соодветно време“, додаде тој.

Соединетите Американски Држави и Кина моментално се на чекање во нивниот спор околу царините, кој кулминираше во април кога двете земји се заканија дека ќе воведат царини од над 100 проценти за стоките една од друга.

Во август, Трамп потпиша извршна наредба со која паузата се продолжува до 10 ноември. Пекинг, исто така, најави продолжување.

Трамп се сретна со Шји неколку пати за време на неговиот прв мандат. Двајцата лидери се сретнаа лично во Осака, Јапонија, во 2019 година, додека Шји го посети Трамп во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида во 2017 година.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Келог: Путин сака да воспостави руско царство

Објавено пред

Од

Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, верува дека руската победа во Украина би го охрабрила рускиот претседател Владимир Путин да нападне членка на НАТО. Тој, исто така, направи паралели помеѓу сегашната ситуација и периодот пред Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Телеграф, Келог се осврна на изјавите на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, кој минатата недела тврдеше дека руската окупација на Украина ќе биде придружена со напад врз НАТО.

„Апсолутно. Мора да ги гледате Путин и Русија како експанзионистичка сила. Тој сака повторно да воспостави руско царство, само погледнете ја историјата. Дајте му еден сантиметар, ќе помине еден километар“, рече Келог.

„Во Минхен во 1938 година, Хитлер рече дека ја сака само Судетската област. Потоа Рајнската област, потоа Полска, а потоа завршивме во Втората светска војна. Историјата не се повторува, но сигурно се ‘римува’. Токму тоа се случува тука со Украина. Мораме да го запреме Путин сега“, рече тој.

Келлог забележа дека Путин „никогаш не престанал да биде“ агент на КГБ. „Тој не го разбира Западот. Се преправа дека не зборува англиски, но зборува, а го фативме неколку пати претходно. Тој е манипулатор. Единственото нешто што може да се спротивстави на тоа е моќта и силата“, рече тој.

Тој додаде дека на фалењето на Русија дека е силна нуклеарна сила мора да се одговори, а не да се игнорира, и потсети на разговорот на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Кога Севернокорејците му кажаа дека се нуклеарна сила, одговорот на Трамп беше: ‘И ние сме. Јас имам црвено копче. Поголемо е од твоето, а моето работи подобро’. Путин е реалист и ако ги зголемите влоговите, тој ќе се повлече“, забележа тој.

Келог, исто така, повтори дека големото нарушување на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала на 10 септември не било случајно и дека Русија го тестира одговорот на Западот.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ му одговори на Трамп

Објавено пред

Од

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека емотивноста на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со постигнувањето мир во Украина е разбирлива.

dobivaj vesti na viber

Порано денес, Трамп, зборувајќи за решението за постигнување мир во Украина, оцени дека рускиот претседател Владимир Путин го разочарал.

„Претпоставуваме дека Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп лично ја задржуваат својата политичка волја и намера да продолжат со своите напори за олеснување на украинското решение. Затоа, секако, претседателот Трамп е доста емотивен по ова прашање. Ова е сосема разбирливо“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Песков нагласи дека Путин, исто така, останува посветен на мирот преку дипломатија и прави многу за да го постигне.

Тој рече дека во меѓувреме, режимот во Киев и европските земји прават сè што е можно за да продолжат по патот на конфронтација.

Путин и Трамп се сретнаа во Алјаска на 15 август, каде што разговараа за начините за решавање на украинската криза, а по разговорот изразија подготвеност да работат на нејзиното решавање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија10 часа

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија12 часа

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија13 часа

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија14 часа

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија14 часа

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија14 часа

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија15 часа

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа15 часа

Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет16 часа

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет16 часа

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа16 часа

МИ6 ќе бара нови шпиони на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија1 ден

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет1 ден

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија1 ден

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ1 ден

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија1 ден

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија1 ден

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија1 ден

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија2 дена

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...