Свет
Гадафи починал од раните

Соборениот водач на либиската Џамахирија, полковникот Моамнер ел-Гадафи им подлегнал на повредите, откако беше уапсен ранет откако силите на Националниот предоен совет (NTC) го зазедоа неговиот главен град Сирт, јави РИА Новости.
Соборениот водач на либиската Џамахирија, полковникот Моамнер ел-Гадафи им подлегнал на повредите, откако беше уапсен ранет откако силите на Националниот предоен совет (NTC) го зазедоа неговиот главен град Сирт, јави РИА Новости.Агенцијата не го споменува изворот на информацијата.Непосредно претходно, агенцијата Синхуа повикувјаќи се на извори во Советот, соопшти дека во Сирт бил уапсен Гадафи ранет во двете нозе.
Како што објави Националниот преоден совет на Либија, околу 40 возила со лојалистите на Гадафи го напуштиле Сирт и се упатиле на запад.
До утрово сé уште не беше познато каде се крие Гадафи по кого има потерница до Меѓународниот кривичен суд поради убиства на цивили. Според една од претпоставките, најверојатно соборениот полковник престојува во либискиот дел од пустината Сахара. Тој владееше со Либија 42 години, а по протестите инспирирани од ткн „арапска пролет“ и нивното прераснување во оружено востание дефинитивно беше соборен од власта на 23-ти август, кога беше заземен главниот град Триполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.