Свет
ЕУ ја поздрави најавата на ЕТА за крај на оружената борба
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Јержи Бусек во петокот ја поздравија најавата на Баскиската вооружена организација – ЕТА за конечен крај на нивната вооружена активност.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Јержи Бусек во петокот ја поздравија најавата на Баскиската вооружена организација – ЕТА за конечен крај на нивната вооружена активност. „Во името на Европската комисија и во свое лично име, сакам да го изразам најдлабокото задоволство од вчера објавената вест за конечно престанување на воените активности на ЕТА. Тоа навистина претставува историски момент, со кој се завршуваат годините на теророт и нападите врз шпанското општество“, се вели во пораката на Баросо. Претседателот на Европскиот парламент Бусек, исто така, ја поздрави најавата на ЕТА, истакнувајќи дека сега оваа организација ќе „мора да се разоружи и распушти“. „Секогаш тврдев дека единствени инструменти коишто може да се користат во политичките судрувања се зборовите и идеите, а ни тие не смеат да бидат користени за поттикнување насилство и омраза. Нема место за насилството во Европската унија, Уште една демократијата ја доби нитката против тероризмот3, рече Бусек. ЕТА во четвртокот објави „конечен крај на својата вооружена активност“, по повеќе од 40 години борба за независност на Баскија во која загинале повеќе од 800 луѓе. „ЕТА одлучи конечно да ја прекине својата оружена активност. ЕТА им упатува повик на шпанската и на француската влада да го почнат процесот на директен дијалог со цел да се отстранат последиците од судирот и така да го надмине оружениот судир“, се истакнува во соопштението на баскиската организација. ЕТА која од страна на ЕУ и САД е прогласена за терористичка организација, се смета за одговорна за смртта на 829 луѓе од почетокот на делувањето кон крајот на 60-те години од минатиот век и борбата за независност на францускиот и шпанскиот дел од Баскија и Навара.Официјалниот датум на основањето на ЕТА е 31 јули 1959 г., кога група млади луѓе, кои се одделија од Баскиската национална партија, одлучија да се борат за независноста на Баскија со оружје. Според шпанските полициски извештаи, првата жртва на баскиските терористи (иако организација никогаш не ја презема одгвоорноста за тоа убиство) е 22-месечното девојче Бегоња Урос Ибарола, коешто живо изгоре при самоубиствен напад извршени од терористи на 27 јуни 1960 г. година на железничката станица „Амара“ во Сан Себастијан. Првпат организацијата официјално се појави на 7 јуни 1968 г., кога изврши терористички чин во кој загина полицаецот Жозе Пардинес. Според последните пресметки на шпанските безбедносни служби, ЕТА е одговорона за убиствата на 858 луѓе. Последниот смртоносен напад на баскиските терористите бееш извршен на 30 јули 2009 г. во Мајорка, кога загинаа двајца полицајци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фајненшл тајмс“ тврди дека Зеленски има план за изборите, стигна реакција од Кремљ
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се осврна на извештајот на „Фајненшел тајмс“ според кој украинскиот претседател Володимир Зеленски на 24 февруари има намера да претстави план за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија. Песков порача дека за тоа „е прерано да се зборува“, пишува „Украинска правда“.
„Гледаме дека во медиумите се појавуваат контрадикторни информации. Еден извор тврдеше дека почнале подготовки за избори, додека друг извор од администрацијата, од канцеларијата на киевскиот режим, тоа го демантираше“, изјави Песков.
Портпаролот на Кремљ додаде дека ваквите информации треба внимателно да се следат и да се земат предвид.
„Но, сепак треба да се водиме од релевантни извори“, заклучи тој.
„Фајненшел тајмс“ претходно, повикувајќи се на свои извори, објави дека претседателот Зеленски на 24 февруари ќе претстави план за претседателски избори, заедно со референдум за мировен договор со Русија. Канцеларијата на претседателот на Украина сè уште официјално не се огласила за овој извештај.
Недамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Украинци се против одржување избори пред завршување на непријателствата. Поголемиот дел, исто така, ги отфрлаат предлозите за предавање на целиот регион Донбас под руска контрола во замена за безбедносни гаранции од САД и Европа.
Сепак, 55 отсто од Украинците поддржуваат одржување референдум за мировен договор за завршување на војната со Русија, додека 32 отсто се против. Во меѓувреме, украинската организација „Граѓанска мрежа ОПОРА“ потсети дека важечкиот закон забранува референдуми за време на вонредна состојба.
Тие истакнуваат дека во такви услови е невозможно да се обезбеди учество на милиони Украинци во странство и на воениот персонал, да се ублажат безбедносните закани и кампањите за дезинформации, како и целосно да се обнови оштетената изборна инфраструктура. Дури и ако непријателствата престанат, подготовката за ваков референдум би барала значително време и сложени реформи.
Свет
(Видео) Се појави синот на Рамзан Кадиров по првпат по тешката сообраќајка
Адам Кадиров, синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, првпат се појави во јавноста откако се појави информацијата дека е вмешан во сообраќајна несреќа.
Кадиров објави видео на својот Телеграм-канал. Како што наведува независниот руски медиум Агентство, Адам изгледа значително послаб отколку кога последен пат бил виден во средината на јануари. На снимката се гледа Кадиров како вечера со својот помошник Висмурад Алиев. Адам влегува во просторијата, а Кадиров го нарекува „воскреснат“ на руски јазик, по што разговорот продолжува на чеченски.
🇷🇺
Ramzan Kadyrov posted a video with his son Adam, calling him “resurrected”.Kadyrov called the information about a traffic accident involving his son Adam disinformation. pic.twitter.com/md7IpYNYJf
— Sprinter Press (@SprinterPress) February 10, 2026
Руски и чеченски опозициски медиуми на 16 јануари известија дека Адам Кадиров бил хоспитализиран во Грозни по сообраќајна несреќа. Утрото на 17 јануари, неколку руски опозициски медиуми, повикувајќи се на податоци од FlightRadar, известија дека медицински авион на руското Министерство за вонредни ситуации, во кој веројатно се наоѓал Адам Кадиров, слетал на московскиот аеродром Внуково во текот на ноќта. Авионот на Рамзан Кадиров слетал набргу потоа.
Радио Слободна Европа (RFE/RL) подоцна објави дека Адам Кадиров повторно е свесен и дека неговата состојба „не предизвикува загриженост кај лекарите“.
Свет
Аеродром во САД затворен од безбедносни причини
Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас доби наредба во наредните 10 дена да ги прекине сите летови поради „посебни безбедносни причини“, стои во известувањето за воздухопловци (NOTAM) издадено од американската Федерална управа за авијација (FAA), пишува Скај Њуз.
Во известувањето воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“, а се наведува дека пилотите кои ќе ги прекршат правилата „можат да бидат пресретнати, задржани и испрашувани од органите на редот“. Се предупредува и дека американската влада може да употреби „смртоносна сила“ против летала за кои ќе процени дека претставуваат „непосредна безбедносна закана“.
Ограничувањето се однесува на сите летови кон и од аеродромот, се применува до висина од 5.500 метри (18.000 стапки) и останува во сила до 21 февруари во 6:30 часот по координирано светско време (UTC).
Зоната на забрана за летање, со центар во аеродромот, има радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри) и го опфаќа и блискиот воен аеродром Бигс. „Ниту еден пилот не смее да управува со летало во подрачјата опфатени со овој NOTAM“, изрично се наведува.
Меѓународниот аеродром Ел Пасо е оддалечен околу шест километри од мексиканската граница, но наредбата не се однесува на мексиканскиот воздушен простор. Во текот на 2024 година низ овој аеродром поминале повеќе од четири милиони патници.

