Свет
Во Сирт погубени 53 приврзаници на Гадафи

Организацијата за заштита на човековите права Human Rights Watch (HRW) во понеделникот потврди дека 53 лица приврзаници на соборениот режим најверојатно групно се погубени во хотел во Сирт
Организацијата за заштита на човековите права Human Rights Watch (HRW) во понеделникот потврди дека 53 лица приврзаници на соборениот режим најверојатно групно се погубени во хотел во Сирт, родниот град на соборениот и убиен поранешен лидер на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, кој како последно упориште на лојалистите во Либија беше заземено во четвртокот. Организацијата го повика Националниот преоден совет (NTC) „веднаш да спроведе транспарентна истрага за она што изгледа како масовна егзекуција и да ги приведат одговорните пред суд“.Во неделата „најдовме 53 тела во распаѓање, се чини на приврзаниците на Гадафи, во напуштен хотел во Сирт. На некои рацете им биле врзани на грб кога биле убиени“, изјави Питер Букарт, функционер на HRW кој ги истражува овие убиства.Востаниците против Гадафи кои главно потекнуваа од Мисрата, овој сектор го заземаа во периодот меѓу 14-ти и 19-ти октомври, велат од HRW , истакнувајќи дека „телата се распоредени на тревникот во градината на хотелот, каде што најверојатно и се убиени“.„Овој најнов масакр се чини како дел од серијата убиства, грабежи и други злосторства кои ги сториле вооружените противници на Гадафи кои сметаат дека се над законите“, тврди Букарт./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Русија не сака да биде посредник меѓу Израел и Иран, туку сака да предложи идеи

Зборувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека верува оти постои можност за наоѓање решение за конфликтот меѓу Иран и Израел.
Путин, кој е во војна со Украина повеќе од три години, нагласи дека Русија не сака да биде посредник меѓу двете страни, туку сака да предложи идеи што би можеле да помогнат во постигнувањето договор за прекин на огнот.
Тој додаде дека Москва е во секојдневен контакт со Иран и изрази желба да види спроведување на руските предлози.
Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.