Свет
САД го повлекоа својот амбасадор од Сирија (проширена)

Соединетите американски држави денеска го повлекоа својот амбасадор во Сирија, Роберт Форд, поради загриженост за неговата безбедност, соопштија дипломатски извори.
Соединетите американски држави денеска го повлекоа својот амбасадор во Сирија, Роберт Форд, поради загриженост за неговата безбедност, соопштија дипломатски извори.
Според информациите, Форд го напуштил Дамаск во текот на викендот, наводно откако добил веродостојни закани по неговата лична безбедност. Минатиот месец Форд беше нападнат со јајца и домати во моментот кога беше на посета кај еден од членовите на опозицијата. Веднаш по инцидентот, тој и неговите колеги кратко време биле држени во заложништво од проврзаниците на ал-Асад.
Според американските власти, Форд не е официјално отповикан . Марк Тонер, портпарол на американскиот Стејт дипартмент, изјави дека враќањето на амбасадорот во Сирија ќе зависи „од проценката на активностите на режимот и од безбедносната ситуација на теренот“.
„Се надеваме дека сирискиот режим ќе прекине со оцрнувачката кампања против амбасадорот Форд“, рече Тонер.
Американскиот амбасадор ги налути сириските власти поради тоа што одржуваше врски со повеќе активисти вклучени во востанието во земјата против децениското владеење на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Форд, кој течно зборува арапски и служел како амбасадор во повеќе араоски земји, отворено им даде поддршка на демонстрантите и го осуди насилното гушење на демонстрациите од страна на властите. Тој пристигна во Дамаск во јануари годинава, како прв американски амбасадор во земјата по повеќе од пет години.
Истовремено, американските весници вчера известија дека сириските власти користат американски софтвер за да ја спроведат цензурата врз интернетот, како и за надгледување. Компанијата Blue Coat Systems, чиј софтвер наводно е во употреба, негира дека и продала опрема на Сирија и покрај санкциите, но не ја исклучи можноста владата во Дамаск да ја набавила преку трета странка. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Русија не сака да биде посредник меѓу Израел и Иран, туку сака да предложи идеи

Зборувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека верува оти постои можност за наоѓање решение за конфликтот меѓу Иран и Израел.
Путин, кој е во војна со Украина повеќе од три години, нагласи дека Русија не сака да биде посредник меѓу двете страни, туку сака да предложи идеи што би можеле да помогнат во постигнувањето договор за прекин на огнот.
Тој додаде дека Москва е во секојдневен контакт со Иран и изрази желба да види спроведување на руските предлози.
Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.