Свет
Семејството на Гадафи ќе се пресели во Јужна Африка
Членовите на семејството на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, кој беше убиен на 20-ти октомври во близината на неговиот роден град Сирт, планираат наскоро да се преселат во Јужноафриканската Република, пишува во вторникот алжирскиoт весник Al-Shuruk.
Членовите на семејството на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, кој беше убиен на 20-ти октомври во близината на неговиот роден град Сирт, планираат наскоро да се преселат во Јужноафриканската Република, пишува во вторникот алжирскиoт весник Al-Shuruk.Според информациите што ги поседува весникот, во Јужноафриканската Република треба да се соберат сите преостанати живи членови на потесното семејство на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, меѓу кои се и неговата вдовица Сафија, ќерката Ајша и синовите Ханибал и Мухамед, синот Саади кој се крие во Нигер, како и Саиф ал-Ислам синот на Гадафи кој најверојатно сé уште се наоѓа на либиска територија.Како што рекол извор близок на семејството Гадафи, првобитно како можно прибежиште биле разгледувани три земји: Јужноафриканската Република, Сирија и еден од земјите од Персискиот залив. Сепак, Сирија отпаднала поради внатрешната нестабилност на земјата а со изборот на неидентификуваната држава од Персискиот залив не се согласиле синовите на Гадафи, бидејќи тамошните власти се согласиле да даде азил само за неговата вдовица, ќерките и внуците. Изворот додава дека сите лични пари на Гадафи неодамна биле префрлени на сметки во банки во ЈАР, што навестува дека неговото семејство се решило за траен или подолг престој во оваа држава.Во вторникот, како што беше најавено утринава, телата на Гадафи, на неговиот син Маутасем и на поранешниот министер за одбрана на Либија, Абу Бакр Јунис, кои беа убиени од страна на бунтовниците на 20-ти октомври, се погребани во либиската пустина. Точната локација каде е погребан поранешниот либиски лидер, останува мистерија.Вдовицата Сафија ал-Гадафи претходно апелираше до меѓународната заедница да им се помогне на роднините на Гадафи во Сирт да го добијат телото на нејзиниот сопруг коешто ќе му го предадат на потесното семејство кое ќе организира закоп според муслиманските и племенските обичаи, но тоа барање беше одбиено од новите либиски власти.Сафија и ќерката Ајша Гадафи, неговите синови Ханибал и Мухамед, заедно со нивните семејства, од крајот на август се наоѓаат во Алжир. Тие пребегаа во соседната земја, бегајќи пред либиските востаници откако беше заземена престолнината Триполи. Уште еден син на Гадафи, Саади, претходно побегна во Нигер.Властите на Алжир и Нигер одбија да ги предадат најблиските роднини на убиениот Гадафи на претставниците на Националниот преоден совет, изразувајќи стравување за нивната безбедност и сомнеж за фер постапување кон нив.Еден од синовите на Гадафи, Сеиф ал-Ислам, кој до последните мигови беше со неговиот татко, во последен момент успеа да избегне да биде заробен во близината на Сирт, застанувајќи на чело на силите коишто се спротиставени на новите либиски власти, ветувајќи дека ќе се одмазди за бруталното ликвидирање на татко му. Сега, силите на Советот ја чешлаат либиската пустина, сметајќи дека ќе најдат трага од Сеиф ал-Ислам. Советот во меѓувреме соопшти дека синот на Гадафи може да се обиде да ја напушти територијата на Либија со фалсификуван пасош. Меѓународниот кривичен суд во Хаг претходно издаде налог за апсење Сеиф ал-Ислам, обвинувајќи го за злосторства строени против човештвото.Вооруженото востание во Либија траеше околу девет месеци. Во текот на судирите меѓу силите на режимот што владееше со земјата 42 години и опозициските сили загинаа илјадници луѓе (според Националниот преоден совет – најмалку 30 илјади), направена е огромна материјална штета врз економијата на земјата една од најголемите производители и извозници на нафта. /крај/аш/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фајненшл тајмс“ тврди дека Зеленски има план за изборите, стигна реакција од Кремљ
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се осврна на извештајот на „Фајненшел тајмс“ според кој украинскиот претседател Володимир Зеленски на 24 февруари има намера да претстави план за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија. Песков порача дека за тоа „е прерано да се зборува“, пишува „Украинска правда“.
„Гледаме дека во медиумите се појавуваат контрадикторни информации. Еден извор тврдеше дека почнале подготовки за избори, додека друг извор од администрацијата, од канцеларијата на киевскиот режим, тоа го демантираше“, изјави Песков.
Портпаролот на Кремљ додаде дека ваквите информации треба внимателно да се следат и да се земат предвид.
„Но, сепак треба да се водиме од релевантни извори“, заклучи тој.
„Фајненшел тајмс“ претходно, повикувајќи се на свои извори, објави дека претседателот Зеленски на 24 февруари ќе претстави план за претседателски избори, заедно со референдум за мировен договор со Русија. Канцеларијата на претседателот на Украина сè уште официјално не се огласила за овој извештај.
Недамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Украинци се против одржување избори пред завршување на непријателствата. Поголемиот дел, исто така, ги отфрлаат предлозите за предавање на целиот регион Донбас под руска контрола во замена за безбедносни гаранции од САД и Европа.
Сепак, 55 отсто од Украинците поддржуваат одржување референдум за мировен договор за завршување на војната со Русија, додека 32 отсто се против. Во меѓувреме, украинската организација „Граѓанска мрежа ОПОРА“ потсети дека важечкиот закон забранува референдуми за време на вонредна состојба.
Тие истакнуваат дека во такви услови е невозможно да се обезбеди учество на милиони Украинци во странство и на воениот персонал, да се ублажат безбедносните закани и кампањите за дезинформации, како и целосно да се обнови оштетената изборна инфраструктура. Дури и ако непријателствата престанат, подготовката за ваков референдум би барала значително време и сложени реформи.
Свет
(Видео) Се појави синот на Рамзан Кадиров по првпат по тешката сообраќајка
Адам Кадиров, синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, првпат се појави во јавноста откако се појави информацијата дека е вмешан во сообраќајна несреќа.
Кадиров објави видео на својот Телеграм-канал. Како што наведува независниот руски медиум Агентство, Адам изгледа значително послаб отколку кога последен пат бил виден во средината на јануари. На снимката се гледа Кадиров како вечера со својот помошник Висмурад Алиев. Адам влегува во просторијата, а Кадиров го нарекува „воскреснат“ на руски јазик, по што разговорот продолжува на чеченски.
🇷🇺
Ramzan Kadyrov posted a video with his son Adam, calling him “resurrected”.Kadyrov called the information about a traffic accident involving his son Adam disinformation. pic.twitter.com/md7IpYNYJf
— Sprinter Press (@SprinterPress) February 10, 2026
Руски и чеченски опозициски медиуми на 16 јануари известија дека Адам Кадиров бил хоспитализиран во Грозни по сообраќајна несреќа. Утрото на 17 јануари, неколку руски опозициски медиуми, повикувајќи се на податоци од FlightRadar, известија дека медицински авион на руското Министерство за вонредни ситуации, во кој веројатно се наоѓал Адам Кадиров, слетал на московскиот аеродром Внуково во текот на ноќта. Авионот на Рамзан Кадиров слетал набргу потоа.
Радио Слободна Европа (RFE/RL) подоцна објави дека Адам Кадиров повторно е свесен и дека неговата состојба „не предизвикува загриженост кај лекарите“.
Свет
Аеродром во САД затворен од безбедносни причини
Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас доби наредба во наредните 10 дена да ги прекине сите летови поради „посебни безбедносни причини“, стои во известувањето за воздухопловци (NOTAM) издадено од американската Федерална управа за авијација (FAA), пишува Скај Њуз.
Во известувањето воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“, а се наведува дека пилотите кои ќе ги прекршат правилата „можат да бидат пресретнати, задржани и испрашувани од органите на редот“. Се предупредува и дека американската влада може да употреби „смртоносна сила“ против летала за кои ќе процени дека претставуваат „непосредна безбедносна закана“.
Ограничувањето се однесува на сите летови кон и од аеродромот, се применува до висина од 5.500 метри (18.000 стапки) и останува во сила до 21 февруари во 6:30 часот по координирано светско време (UTC).
Зоната на забрана за летање, со центар во аеродромот, има радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри) и го опфаќа и блискиот воен аеродром Бигс. „Ниту еден пилот не смее да управува со летало во подрачјата опфатени со овој NOTAM“, изрично се наведува.
Меѓународниот аеродром Ел Пасо е оддалечен околу шест километри од мексиканската граница, но наредбата не се однесува на мексиканскиот воздушен простор. Во текот на 2024 година низ овој аеродром поминале повеќе од четири милиони патници.

