Свет
Авион без тркала слета во Варшава, нема повредени
Авион од типот Боинг 767 поради технички проблеми слета на аеродромот во Варшава без спуштени тркала, јави Ројтерс.
Авион од типот Боинг 767 поради технички проблеми слета на аеродромот во Варшава без спуштени тркала, јави Ројтерс.
При инцидентот никој од 230-те патници во авионот, кој доаѓал од Њујорк, не се повредени.
„Сите безбедносни процедури функционираа перфектно и благодарение на тоа, никој не е повредени“, изјави Лешек Чоржевски, портпарол на авиокомпанијата ЛОТ.
На објавените телевизиски снимки се забележува како авионот слетува на својот труп, при што се создадоа и искри. Како мерка за безбедност, веднаш по слетувањето авионот беше испрскан со противпожарна пена.
Сите патници се евакуирани од авионот, кој пред слетувањето одреден период кружеше на Варшава. Аеродромот беше итно затворен за сите останати летови. /крај/reuters/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови
Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 25 лица се повредени.
❗️⚠️🇨🇦 – A tragic mass shooting occurred on February 10, 2026, at Tumbler Ridge Secondary School in the small town of Tumbler Ridge, northeastern British Columbia, Canada.
According to the latest updates from the Royal Canadian Mounted Police (RCMP) and multiple reliable news… pic.twitter.com/2QW3p4JWYa
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) February 11, 2026
Шест лица се пронајдени мртви во средно училиште во Тамблер Риџ, уште две се пронајдени мртви во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, а едно лице починало на пат кон болница, соопшти полицијата.
BREAKING: Reports now say as many as 10 people may be dead following the shooting at Tumbler Ridge Secondary School in British Columbia, Canada.
Authorities have confirmed multiple victims inside the school, another who died on the way to the hospital, and investigators are now… pic.twitter.com/d4z8SKBdFz
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 11, 2026
Осомничениот бил пронајден мртов од очигледна самонанесена рана, соопшти полицијата, додавајќи дека не веруваат дека има други осомничени или дека претставуваат понатамошна закана за јавноста.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.

