Контакт

Свет

Лидерите на Г-20 го започнаа самитот под товарот на грчката непослушност

Објавено пред

Лидерите на земјите-членки на Г-20 во Франција го започнуваат самитот под товарот на загриженоста од влошување на должничката криза во еврозоната по најавата за референдум во Грција за мерките за излез од кризата.

dobivaj vesti na viber

Лидерите на земјите-членки на Г-20 во Франција го започнуваат самитот под товарот на загриженоста од влошување на должничката криза во еврозоната по најавата за референдум во Грција за мерките за излез од кризата.

Вчера земјите од еврозоната ја замрзнаа траншата од осум милијарди евра од договорената помош за Грција, а натамошната исплата ќе зависи од референдумските резултати во Грција. Истовремено, Кина одби да инвестира во Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) додека не се разјасни ситуацијата со Грција.

Грчкиот премиер пред средбите со лидерите на еврозоната, на кои треба да ја објасни својата одлука за референдум, изјави дека референдумот е, всушност, одлука дали Грција да остане во зоната на еврото или не.

„Верувам дека постои широк консензус кај грчкиот народ и тој наскоро ќе се изјасни“, рече тој. Референдумот треба да се одржи на четврти или петти декември.

Денеска на маргините на самитот на Г-20 (група од 20 најразвиени економии и економии со најбрз развој) состанок треба да одржат претседателите на САд и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози, на кој ќе разговараат за најновиот развој на должничката криза во еврозоната.

Вчера Британија, која е голем скептик за ЕФСФ, соопшти дека е подготвена да поддржи зголемување на финансирањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за стабилизирање на еврото.

Во меѓувреме, се повеќе се засилуваат стравувањата од неконтолиран банкрот на Грција. Многу економисти стравуваат дека ако Грција го напушти еврото, тоа може да доведе до префрлање на банкротот ширум еврозоната, затоа што инвеститорите и обичните штедачи стравуваат дека и нивните влади ќе го следат примерот а Грција.

„Постои голема веројатност Португалија и Ирска исто така да посакаат да го напуштат еврото, а зголемување на цената а задолжувањето ќе има и за Италија“, вели за BBC Доналд Хана од Fortress Investment Group. Тој објаснува дека ако Грција се одлучи да ја напушти еврозоната, земјата ќе мора да и се врати на драхмата, која најверојатно ќе има многу ниска вредност во однос на еврото.

Таквиот потег, предупредува Хана, драстично ќе ја зголеми вредноста на долгот во евра и ќе резултира со банкрот на сите фирми и компании кои се изложени на таквите долгови.

Германската канцеларка пред почетокот на самитот изјави дека лидерите на еврозоната сакаат Грција да стане дел од нив, но истакна дека последните потези на грчката влада се закануваат да го дестабилизираат целиот регион.

„Еврото мора да остане стабилно. Ние би сакале тоа да го постигнеме заедно со Грција, но стабилноста е приоритет“, рече Меркел.

„Постојат правила кои го сочинуваат пактот за стабилност на еврото. Сега зависи од Грција дали таа сака авантурата да ја продолжи со нас или сама. Европските даночни обврзници своите пари ќе ги дадат само ако правилата се почитуваат до последната запирка“, се надоврза францускиот претседател Саркози.

Иако должничката криза во еврозоната започна со помалите економии, како Грција и Ирска, најголемата закана е дека, ако не се стави под контрола навремено, кризата ќе ги засегне и поголемите економии, како Италија и Шпанија. Тоа, пак, ќе му наштети на развојот во целата еврозона, која се уште не е заздравен ниту од глобалната финансиска криза.

Италија, чии долгови се значително поголеми од тие на Грција, во наредните 12 месеци ќе се соочи со достасувањето на стотици милијарди долари долг. Истовремено, на оваа земја и е се потешко да најде пари на меѓународните финансиски пазари. Цената на зајмувањето за Италија порасна на 5,1 процент на годишно ниво, највисока од кога се приклучи кон еврото и неспоредливо поголема од 0,3 проценти, колку што плаќа Геранија.

Италијанската влада се согласи да спроведе мерки за штедење, кои на синоќешниот вонреден состанок од неа ги побараа останатите членки на еврозоната, во обид да ги убеди дека си ги завршува своите обврски во поглед на справувањето со долговите. /крај/bbc/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност

Објавено пред

Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.

dobivaj vesti na viber

Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.

„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“

Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.

Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.

Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.

„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“

Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.

„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.

Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.

Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.

Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.

Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.

Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“

Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.

Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.

Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.

Прикажи повеќе...

Свет

Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

Објавено пред

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.

На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.

Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.

Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.

Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.

Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија12 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија16 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија17 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија17 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија18 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија19 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет19 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија20 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија21 час

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија21 час

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет21 час

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет22 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет23 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет23 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа23 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет24 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет24 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...