Свет
Заврши операцијата на спасување во рудникот во Кина, извлечени 45 лица
Спасувачките екипи во саботата наутро ја завршија 36 часовната операција на потрага и извлекување на рударите, кои беа заробени во рудник во централаната кинеска провинција Хенан, при што на површината се извлечени 45 рудари
Спасувачките екипи во саботата наутро ја завршија 36 часовната операција на потрага и извлекување на рударите, кои беа заробени во рудник во централаната кинеска провинција Хенан, при што на површината се извлечени 45 рудари, додека осум загинаа, пренесува агенцијата Синхуа повикувајќи се на кризниот штаб. По земјотресот со магнитуда од 2.9 степени по Рихтер од четвртокот навечер, дојде и до експлозија и одрон во рудникот за јаглен во близина на градот Саменси, при што веднаш загинаа осум рудари. Седум рудари беа извлечени во петокот, а 14 нивни колеги успеаја да избегаат непосредено пред несреќата. Овој рудник и’ припаѓа на компанијата „Yima Coal Group“, голема државна рударска компанија која ги експлоатира рудниците во провинцијата Хенан. Според кинеските рударски експерти, ваквите експлозии и одрони се случуваат кога земјата ќе налегне на потпорните ѕидови во рудниот и предизвикува ослободување на големо количество енергија. Кинеските рудници за јаглен се најсмртоносните на светот, иако според кинеските власти безбедноста во последните години е многу подобрена, откако се затворени малите илегални рудници. Така, според властите, сегашниот број жртви во кинеските рудници е за третина намален во однос на рекордните речеиси 7.000 во 2002 година, во 2010 година регистрирани се 2.433 а во деветте месеци од 2011 година – 1.410 жртви. Кинеските рудници се најсмртоносни на светот, најмногу заради лошите безбедносни услови и големата побарувачка на економијата во подем. На крајот од 2010 година, кинескиот премиер Вен Џијабао им нареди на сите шефови на рудниците во јамите да влегуваат заедно со рударите или во спротивно ќе следат ригорозни казни.Јагленот во Кина носи 70 отсто од целата енергија, земја со недостиг од енергетски ресурси, каде рударската професија е една од најопасните во светот поради сиромашните сигурносни стандарди во работата и интензивниот работен план.Меѓутоа, според некои показатели на невладини организаци, дури околу седум илјади луѓе гинат годишно во несреќи предизвикани во рудниците. Кина се труди да ги затвори помалите рудници или да ги земе во своја сопственост, како дел од поголемите рудници, за да се избегнат честите трагедии. Во кинеските рудници смртноста е многу голема, поради застареноста на инфраструктурата и слабите безбедносни мерки.Несреќите во кинеските рудници за јаглен, исто така, се мнову чести, речиси секоја седмица последниве години се случува несреќа во која гинат десетина рудари. Во декември 2009 г. месец, во несреќа на сервероисток на Кина загинаа 108 рудари, што беше најтешката несреќа во кинеските рудници во последните две години./крај/син/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не се сигурен сојузник“: Белгискиот премиер го критикуваше односот на САД кон Европа
Белгискиот премиер Барт де Вевер изрази сомнежи за улогата на Соединетите Американски Држави како сојузник на Европа, наведувајќи дека на нивниот сојуз повеќе не може безусловно да се смета. Тој, исто така, остро се осврна на изјавите на Трамп за Гренланд и Русија, пишува „Гардијан“.
„Европа се наоѓа на раскрсница и мора да одлучи каква ќе биде нејзината политика. Досега се обидувавме да го смириме новиот претседател во Белата куќа. Бевме многу благи, вклучително и со царините. Бевме благи надевајќи се дека ќе ја добиеме неговата поддршка за војната во Украина. Но сега се преминуваат толку многу црвени линии што мора да се избере меѓу самопочитта. Едно е да бидеш среќен вазал. Но нешто сосема друго е да бидеш беден роб. Ако сега се откажеш, ќе го изгубиш достоинството. А тоа е, веројатно, најдрагоценото нешто што можеш да го имаш во една демократија“, изјави де Вевер.
Остро реагираше и на ставовите на Трамп за Русија и Гренланд, велејќи дека Европа мора да повлече граница: „Или ќе бидеме обединети, или ќе заврши 80-годишната ера на атлантизмот.“
Како пример наведе дека американски претставници на состанок за Украина рекле дека не сакаат да заземаат страна. „Ова го охрабрува Путин. Неговата сила е нашата поделба“, изјави де Вевер.
Свет
Зеленски останува во Украина, нема да патува во Давос
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, одлучувајќи да остане во земјата поради најновиот руски ноќен напад кој ја влоши енергетската криза.
„Без сомнение, во овој случај ја бирам Украина, а не економскиот форум“, изјави Зеленски. Тој додаде дека би размислил за присуство само ако постои реална можност да се донесат одлуки за дополнителни системи за противвоздушна одбрана и енергетска помош за Киев.
Во нападот загина едно лице, а три се повредени. Над 6000 згради во Киев останаа без греење, а делови од градот и без струја и вода. Зеленски изјави: „Имам план како да им помогнам на луѓето со енергетските проблеми.“
Фото: Depositphotos
Свет
„Би-би-си“: Европскиот парламент ќе го суспендира процесот за одобрување на трговскиот договор со САД
Европскиот парламент треба да го суспендира процесот на одобрување на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој беше договорен во јули, дознава „Би-Би-Си“ од извори блиски до Комисијата за меѓународна трговија на Европскиот парламент.
Одлуката за суспензија, според истите извори, треба официјално да биде објавена утре попладне во Стразбур.
Како што пишува „Би-Би-Си“, станува збор за договорот што во јули го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при средба на голф-игралиштето на Трамп во Шкотска.
Договорот предвидува намалување на американските царини на целиот увоз од Европската унија на 15 отсто. Во тој момент, договорот во Брисел беше оценет како поволен, со оглед на тоа што Трамп претходно се закануваше со воведување царини до 30 отсто на европска стока.
Меѓутоа, како што нагласува „Би-Би-Си“, договорот сè уште треба формално да добие одобрување од Европскиот парламент. Комисијата за меѓународна трговија досега нема завршено анализа на договорот, што сега доведе до одлука за привремена суспензија на процесот.
Дополнителен притисок врз договорот се појави во саботата, само неколку часа по новата закана на Трамп за воведување нови американски царини, поврзани со прашањето за Гренланд. Влијателниот германски пратеник во Европскиот парламент Манфред Вебер тогаш изјави дека „одобрување во овој момент не е можно“.
Во завршната фаза на преговорите за трговскиот договор, Европската унија, потсетува „Би-Би-Си“, привремено ги суспендираше сопствените контрамерки, односно царините на американска стока во вредност од 93 милијарди евра.
Таа суспензија истекува на 6 февруари. Ако до тој датум не дојде до продолжување на суспензијата или до парламентарно одобрување на договорот, европските царини на американска стока ќе стапат на сила веќе на 7 февруари.
„Би-Би-Си“ заклучува дека натамошниот развој на настаните би можел сериозно да ги искомплицира трговските односи меѓу Брисел и Вашингтон, во време кога трансатлантските односи веќе се под притисок поради бројни отворени политички и безбедносни прашања.

