Свет
Седуммина обвинети за убиството на Беназир Буто

Пакистанскиот суд денеска обвини седум лица – петмина муслимански милитанти и двајца полицајци – во врска со убиството на поранешната премиерка на Пакистан, Беназир Буто.
Пакистанскиот суд денеска обвини седум лица – петмина муслимански милитанти и двајца полицајци – во врска со убиството на поранешната премиерка на Пакистан, Беназир Буто.
Буто, првата премиерка во целиот муслимански свет, беше убиена во самоубиствен напад во 2007 година. Судот обвинението за овие лица го изнесе по сослушувањето, кое се држеше во тајност.
„Обвинението ги товари овие седуммина за заговор и за поттикнување на убиство“, соопшти пакистанскиот јавен обвинител Кахудри Зулфикар Али.
Пакистанските власти непосредно по атентатот за убиството го обвини лидерот на пакистанските талибани, Баитулах Махсуд. Махсуд беше убиен во напад на американско безпилотно летало во близина на границата со Авганистан во 2009 година. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните руски воздушни напади врз Украина. Како што соопшти Оперативната команда на полскиот Генералштаб, воени авиони биле подигнати во воздух, а активирани биле и системите за противвоздушна одбрана и радарско следење.
„Во согласност со стандардните процедури, активирани се сите расположливи сили и ресурси за заштита на воздушниот простор на Полска“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа X.
Polish planes in the air after Russian attack
Poland and allies have sent planes on the wings after Russia launched airstrikes on Ukraine.
It informs the operational command of the Polish military early on Saturday morning, according to Reuters.
At X, the command writes that… pic.twitter.com/XgH5bYz8Ey
— benny 🇩🇰 🇫🇴 🇬🇱 🇪🇺 🇺🇦 (@benny0692698414) September 20, 2025
Руските сили утрово започнаа комбиниран напад врз неколку украински региони, користејќи крстосувачки ракети и дронови. Експлозии одекнале во Павлоград, Николаев и Днипро, каде што е потврдена и една жртва – лице кое загинало при напад на станбена зграда. Според украинските власти, најмалку 13 лица се повредени, а значителна материјална штета е пријавена и на приватни и деловни објекти.
⚡️Russia launches large-scale missile, drone attack targeting regions across Ukraine, including far-west.
Russia launched a large-scale missile and drone attack on Ukraine overnight on Sept. 20, targeting various regions in the country's far-west.https://t.co/ctONuIluVE
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) September 20, 2025
Регионалната воена администрација потврди напади и во околината на Киев, вклучително и во Буча, Бориспољ и Обухив, каде што се регистрирани уништени куќи, гаражи и возила.
По завршувањето на руските удари, полските и сојузничките сили се повлекоа, а сите системи се вратени во нормален режим на работа.
Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека си вратила контрола над седум населени места во Доњецка област, при што напредувала за три до седум километри.
Според извештаи на Униан, Русија користела и ирански дронови „Шахед“ за директни напади врз урбани цели, што експертите го оценуваат како показател за недостаток на соодветна техника за прецизни воздушни операции.
Свет
Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата.
Доброволниот програм најверојатно ќе вклучува сериозна воена обука и е осмислен да отвори пат за регрутирање во активниот воен состав или резервата, пренесува „Политико“.
Во јули, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе осмисли „нова рамка што ќе им овозможи на младите да служат“ војска, а најавата од кабинетот на Лекорни потврдува дека работата на нејзината реализација напредува.
Франција во 2019 година воведе универзален национален воен рок, односно едномесечна опционална служба за волонтери на возраст од 15 до 17 години, чија цел беше пренесување на француските вредности, но не вклучуваше посериозна воена обука.
Моментално не се зборува за повторно воведување на задолжителниот воен рок во Франција, кој беше укинат од поранешниот претседател Жак Ширак во 1997 година.
Свет
Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври за да разговараат за колективен одговор на „новите руски воени провокации“, вклучувајќи го и влегувањето на три руски воени авиони во естонскиот воздушен простор.
– Нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на три руски воени авиони е уште една неприфатлива провокација – изјави Кошта на X.
Како што истакна тој, ова уште еднаш ја нагласува итната потреба од зајакнување на источното крило на НАТО, продлабочување на европската одбранбена соработка и интензивирање на притисокот врз Русија.
– Ќе го разгледаме нашиот колективен одговор на постапките на Русија на неформалниот состанок на Европскиот совет во Копенхаген на 1 октомври – додаде Кошта.
Како што претходно објави порталот Err.ee, три руски борбени авиони МИГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло без дозвола и останале во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути.