Свет
Ортега пред трет претседателски мандат во Никарагва
Поранешниот лидер на санданистичкото движење во Никарагва, Даниел Ортега надмоќно води на претседателските избори кои се одржаа во неделата, според првичните податоци коишто во недела ги соопшти изборната комисија во главниот град на земјата Манагва.
Поранешниот лидер на санданистичкото движење во Никарагва, Даниел Ортега надмоќно води на претседателските избори кои се одржаа во неделата, според првичните податоци коишто во недела ги соопшти изборната комисија во главниот град на земјата Манагва.Според овие податоци Ортега освоил 66 отсто од гласовите, додека најдобро пласираниот претставник на разединетата десница Фабио Гадеа само 25 отсто од гласовите. Поранешниот претседател на Никарагва, кандидатот на конзервативците Арнолдо Алеман е на третото место но само со 7 отсто од гласовите.Владејачката санданистичка партија уште ноќеска ја прослави победата и илјадници приврзаници на Даниел Ортега ги преплавија улиците на престолнината Манагва.Поранешниот герилец 65-годишниот Ортега, кој е инаку голем сојузник на претседателот на Венецуела, Уго Чавез, и претходно важеше за голем фаворит на претседателските избори, откако Врховниот суд на Никарагва донесе контроверзна одлука со кој му е дозволен да го заврши и вториот претседателски мандат во траење од пет години по ред, што е во спротивност со уставот на земјата. „Ова гласање ќе биде со голема поддршка на санданистичкиот фронт,бидејќи првпат се организираат избори без страв, во полза на санданизмот кој покажа способност да владее во мир“, изјави Ортега пред изборите предвидувајќи масовна излезност на гласачите. Околу 3,4 милиони избирачи постари од 16 години од најголемата но воедно и најсиромашна земја во Средна Америка, во неделата излегоа на првиот круг од претседателските избори кои се одвиваат под мониторинг на меѓународни набљудувачи, а најмногу од Европската унија и од Организацијата на американските држави. Луи Јанез, шефот на набљудувачката мисија на ЕУ кој во Никарагва испрати стотина набљудувачи во 15 окрузи и две автономни покраини, изјави оти забележал аномалии при гласањето. Данте Капуто, шефот на мисијата на Организацијата на американските држави, пак, пред новинарите изрази жалење што неговите екипи наишле на „тешкотии“ при пристапот до гласачките места, околу 20 отсто од 52-те места кои имале намера да ги посетат, недавајќи други информации. Портпаролката на досегашниот претседател Даниел Ортега, во понеделникот неофицијално ја прогласи неговата победа за трет мандат. Данил Ортега во периодот од 1984 до 1989 година веќе беше избран за прв претседател на Никарагва, откако левичарското движење на Сандинистите коешто го предводеше во 1979 година го собори режимот на диктаторот Анастасио Сомоза. По двата неуспеха во 1996 и 2011 година, Ортега кој во меѓувреме ја ублажи својата реторика, се врати на власта во 2007 година а својата популарност меѓу гласачите ја зголеми со комбинацијата на популизам и ориентацијата кон пазарното стопанство на што како водач на герилата порано остро се спротиставуваше./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

