Свет
ОН: Број на жртвите од судирите во Сирија надмина 3.500
Повеќе од 3.500 лица се убиени во Сирија од средината на март, кога земјата ја зафати бранот протести против владата, пренесува во вторникот AFP, повикувајќи се на изјава на официјален претставник на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Равин Шамдазани.
Повеќе од 3.500 лица се убиени во Сирија од средината на март, кога земјата ја зафати бранот протести против владата, пренесува во вторникот AFP, повикувајќи се на изјава на официјален претставник на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Равин Шамдазани.Претходно, според Обединетите нации бројот жртви од судирите во Сирија се движеше околу три илјади.„Жестоки борби со демонстрантите во Сирија ги чинеа нивните животи повеќе од 3.500 луѓе“, изјави Шамадазани на брифинг за новинарите во седиштето на агенцијата на светската организација во Женева.Во Сирија изминатите осум месеци континуирано се одвиваат анти-владини протести, кои започнаа во средината на март во јужниот дел на земјата, во градот Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони.Според сириската опозиција бројот на жртвите од судирите во земјата надминува четири илјади луѓе. Сириската власти, пак, тврдат дека судирите се испровоцирани од вооружени групи кои се поддржани и уфрлени од странство, а дека бројот на загинати не надминува повеќе од 1.500 мртви од двете страни, од кои 1.100 се припадници на сириските безбедносни сили.Сириската опозиција која е организатор анти-владините протести, бара неодложна оставка на претседателот Башар ал-Асад. Ова барање е поддржано и од САД и земјите на Европската унија кои воведоа голем број економски санкции против СиријаМинатата седмица сириските власти соопштија дека безрезервно го прифатиле арапскиот план за излез од кризата на министерскиот состанок на Арапската лига кој се одржа во минатата среда во седиштето на организацијата египетската престолнина Каиро./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Анкара потврди: 20 турски војници загинаа во падoт на авионот, објавени имињата и фотографиите на жртвите, причините сè уште непознати
Анкара денес ја потврди смртта на 20 турски војници во воен товарен авион што се урна вчера во источна Грузија.
Турското Министерство за одбрана ги објави имињата и фотографиите на жртвите, но сè уште не ги објави можните причини за падот на авионот Ц-130.
„Нашите херојски соборци станаа маченици на 11 ноември 2025 година“, се вели во соопштението издадено во име на министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, кое го емитуваше државната телевизија ТРТ.
Türkiyəyə məxsus təyyarənin Gürcüstan-Azərbaycan sərhəddində qəzaya uğradığı bildirilir #Uçak #Türkiye #sondakika #Turkey #Georgia #Gürcistan pic.twitter.com/qOjyfZx6C8
— Ismayil Jabiyev (@ismayiljabiyev) November 11, 2025
Турските власти, исто така, објавија дека турскиот тим започнал истрага за остатоците од воениот авион во 6:30 часот наутро по локално време, во координација со грузиските власти.
Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинале кога авионот се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан.
Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога се урна, соопшти претходно турското Министерство за одбрана.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази длабока тага и сочувство до семејствата на жртвите. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така, му упати сочувство на Ердоган, нарекувајќи ја несреќата трагична загуба и изразувајќи солидарност во овој момент на болка.
Грузиското Министерство за внатрешни работи објави дека авионот се урнал во општината Сигнаги, во близина на границата со Азербејџан, и дека е започната истрага.
Покрената е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти.
C-130 Херкулес, произведен од американската компанија „Локид Мартин“, има четири мотори и е наменет за воени транспортни задачи.
Авионот е дизајниран за слетување и полетување од неподготвени или полуподготвени писти, а се користи за транспорт на воен товар, војници и евакуација.
Свет
Силен земјотрес од 5,7 степени го погоди Кипар, предизвика одрони во близина на Пафос
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска околу 10:30 часот по локално време ја погоди територијата на Кипар, со епицентар во близина на градот Пафос, на длабочина од околу 17 километри.
Сведоци изјавиле дека земјотресот предизвикал одрони во областа околу селото Полеми, каде што бил почувствуван најсилно.
„Карпи и камења се стркалаа низ ридот“, изјавиле мештани.
Граѓаните, уплашени од тресењето, во паника излегле на улиците, а многумина пријавиле дека се треселе куќите и мебелот.
„Целата куќа се тресеше, беше страшно“, сведочи жителка на селото.
Земјотресот бил почувствуван и во околината на Лимасол, каде што жителите пријавиле дека се нишале лустери и мебелот вибрирал.
По првиот удар, уследиле уште неколку помали потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,7 степени.
Кипар се наоѓа во сеизмички активен регион, а последниот посилен земјотрес со јачина од 6,8 степени се случил во 1996 година, кога загинаа неколку лица.
Свет
Израел отвори уште еден граничен премин за хуманитарна помош за Газа
Израел го отвори граничниот премин Зиким во северниот дел на Појасот Газа за да дозволи хуманитарна помош во енклавата, соопшти денеска COGAT, тело на израелската војска што врши надзор на помошта што пристига.
Обединетите нации побараа отворање на преминот за да се овозможи поголема помош во опустошената северна палестинска енклава, особено откако минатиот месец беше постигнат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Хуманитарната канцеларија на Обединетите Нации, OCHA соопшти дека Зиким бил затворен на 12 септември и дека хуманитарните групи оттогаш не можеле да испратат помош преку таа рута. Израелската војска не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
Одредена хуманитарна помош би можела да стигне до север преку јужните премини, но потребна е поголема помош бидејќи градот Газа и околните области официјално се прогласени за зона на глад, соопшти минатиот месец телото кое прогласува криза со храна.
COGAT соопшти дека преминот е отворен „во согласност со директива од политичкиот ешалон“. Помошта ќе ја достават ОН и меѓународните агенции по „темелни безбедносни инспекции“, додаде COGAT.
фото: принтскрин

