Свет
Полскиот премиер Доналд Туск поднесе оставка на првата седница на Сејмот

Полскиот премиер Доналд Туск во согласност со уставот на земјата, поднесе оставка на првата седница на Сејмот во новиот состав, соопшти портпаролот на владата на Полска, Павел Грас.
Полскиот премиер Доналд Туск во согласност со уставот на земјата, поднесе оставка на првата седница на Сејмот во новиот состав, соопшти портпаролот на владата на Полска, Павел Грас. Според него, „Туск ја поднел оставката во кабинетот на Јозеф Зих, кој претседава со првата седница на Сејмот во новиот состав“.Првата пленарна седница на Сејмот ја води еден од најстарите членови на полскиот парламент – 73-годишниот пратеник Јозеф Зиг кој ја претставува во парламентот Полската селанска партија. Во Полска на 9-ти октомври се одржаа редовните парламентарни избори. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија на Полска, во Сејмот влегоа пет политички партии коишто го минаа петпроцентниот цензус. Владејачката партија Граѓанска платформа предводена од премиерот Доналд Туск освои 39,18 отсто од гласовите, опозициска партија Право и правда под водство на братот близнак на загинатиот полски претседател Лех Качински, Јарослав Качински, освои 29,89 отсто, новата партија Движење Паликот чиј лидер е Јануш Паликот освои – 10,02 отсто, Полската селанска партија предводена од вицепремиерот Валдемар Павлак со 8,36 и Сојузот на демократските леви сили на Гжегож Напералски со 8.24 отсто од гласовите. Во Сејмот, на октомвриските избори, исто така беше избран и еден претставник на германското малцинство во Полска./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда.
Бехнам Шахријари, командантот на Единицата за пренос на оружје на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и припадник на силите Кудс, бил убиен во прецизен напад на израелската армија (ИДФ) во западен Иран.
„Шахријари беше одговорен за сите трансфери на оружје што иранскиот режим им ги испраќа на своите групи низ Блискиот Исток со цел да ја спроведе стратегијата за уништување на Израел. Тој го предводеше трансферот на стотици милиони долари годишно на терористички организации“, се вели во соопштението.
🔴ELIMINATED: Behnam Shahriyari, commander of the Quds Force’s Weapons Transfer Unit in the IRGC, was eliminated in a precise IDF strike in western Iran.
Shahriyari was responsible for all weapons transfers from the Iranian regime to its proxies across the Middle East in order… pic.twitter.com/jKusiBTEJi
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 21, 2025
Тој исто така, како што се додава, го водел трансферот на стотици милиони долари годишно на различни терористички организации. Покрај финансирањето, бил и клучна фигура во снабдувањето на тие групи со оружје, што довело до смрт и ранување на бројни израелски цивили и војници.
Бил убиен на повеќе од илјада километри од границата со Израел во западен Иран.
Свет
Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Русија постојано му укажувала на Израел дека нема докази оти Иран планира да развие нуклеарно оружје, го цитира „Скај њуз“ рускиот претседател Владимир Путин во денешното интервју.
„Русија, како и ИАЕА (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано му укажувавме на израелското раководство“, изјави Путин.
„Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мировната нуклеарна програма“, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа.
На економскиот форум вчера во Санкт Петербург, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во иранско-израелскиот конфликт со двете страни.
Свет
Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна гарда во напад на стан во Ком, Иран. Командантот Саид Изади го предводеше палестинскиот корпус на силите Кудс, рече Кац.
Силите Кудс изградија мрежа на арапски сојузници позната како Оската на отпорот, основајќи го Хезболах во Либан во 1982 година и ја поддржуваа палестинската милитантна исламистичка група Хамас во Појасот Газа. Но, мрежата поврзана со Иран претрпе голем удар во изминатите две години бидејќи израелските офанзиви по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година ги ослабнаа и палестинската група и Хезболах.
Кац рече дека Изади го финансирал и вооружувал Хамас за време на првичните напади, опишувајќи го убиството на командантот како „големо достигнување за израелското разузнавање и воздухопловните сили“.
САД и Велика Британија го санкционираа Саид поради, како што велат, неговите врски со Хамас и палестинската милитантна група Исламски џихад, која исто така беше вклучена во нападите на 7 октомври.