Свет
Обама и Медведев за Иран, Авганистан и Сирија

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев во саботата во Хонолулу на маргините од самитот на APEC разговарале за ситуациите во Иран, Авганистан и Сирија.
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев во саботата во Хонолулу на маргините од самитот на APEC разговарале за ситуациите во Иран, Авганистан и Сирија.Обама изјави дека тој и Медведев имаат „заеднички став за Иран, кој ќе овозможи Иранците да бидат поттикнати во натамошното спроведување на нивните меѓународни обврски во транспарентноста на својата нуклеарна програма“.Руската влада, инаку, сѐ уште е резервирана во поглед на потенцијално новите санкции на Советот за безбедност при Обединетите нации. Во вторникот меѓународната агенција за атомска енергија IAEA во својот извештај потенцираше дека Иран работи на развојот на нуклеарна бомба и дека сѐ уште има можност Техеран да спроведува такви истражувања. Обама не сакал да изнесе детали од разговорот со Медведев во врска со ситуацијата во Сирија, но кога станува збор за Авганистан американскиот претседател вели дека со рускиот колега разговарале за важноста на поддршката што на официјален Кабул му ја даваат земјите од регионот. На состанокот одржан на маргините од самитот на APEC, рускиот претседател Медведев изјави дека и натаму постои големо несогласување околу ставовите на Вашингтон и Москва за американските планови за антиракетниот систем во Европа.„Се согласивме дека ќе продолжиме со барањето можни одговори, но јасно е дека нашите гледишта сѐ уште се многу оддалечени“, изјави за новинарите Медведев./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека западните компании, вклучително и германските и чешките, продолжуваат да ја снабдуваат руската воена индустрија и повика на воведување санкции против тие компании.
„Руската Федерација добива машини од одредени земји, а потоа ги користи за производство на оружје“, рече вчера украинскиот претседател на брифинг со новинарите што до денеска беше под ембарго.
Според него, петнаесет такви компании се од Тајван, тринаесет се германски, осум се чешки, шест се јужнокорејски, три се јапонски и три се индиски.
„И една компанија од САД испорачува мал број делови за машините“, додаде тој, велејќи дека ги имал и имињата на сите тие компании.
„Ги споделивме сите овие информации со нашите партнери – Европската унија и САД. Повикуваме тие компании да бидат санкционирани“, продолжи Зеленски.
Според податоците со кои располага украинскиот претседател, споменатите компании можат да ги исклучат ваквите машини, имајќи предвид дека тие „работат со помош на далечински електронски системи“.
„Тие компании можат да ги исклучат, па машините повеќе нема да работат. Тоа би го забавило процесот. Да речеме дека би било како да се разоружа Русија без оружје“, рече тој.
Зеленски рече дека Киев испратил информации за постоењето и работењето на такви компании во 26 земји.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, строги западни санкции беа воведени кон Москва, конкретно насочени кон спречување на испорака на опрема и технологија што ги користи нејзината воена индустрија.
Но, Москва делумно успеа да ги заобиколи со организирање на увоз преку трети страни или сојузнички земји.
Свет
(Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати

Најмалку осум лица загинаа во пад на балон со топол воздух во Бразил, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава, во балонот имало 22 лица.
Несреќата се случила во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти гувернерот Жоргињо Мело. Во објава на платформата „Икс“ утринава, Мело изјави дека несреќата се случила во Праја Гранде и додаде дека локалната заедница е во шок поради трагедијата.
🚨¡Última Hora!
🇧🇷Al menos ocho personas fallecieron tras el incendió de un globo aerostático con 22 ocupantes en el municipio de Praia Grande, en el sur de Santa Catarina, Brasil. pic.twitter.com/lyz9Ql9UJK
— AgenciaVNews (@AgenciaVNews) June 21, 2025
Потврдено е дека две лица преживеале.
„Екипите се уште трагаат по другите“, рече гувернерот.
Свет
Висок ирански функционер: Европските предлози се нереални

Висок ирански функционер ги оцени како нереални предлозите што европските сили ги претставија вчера во Женева.
Во изјава за новинската агенција „Ројтерс“, официјалниот претставник рече дека нула збогатување ураниум – што британскиот министер Дејвид Лами вчера го опиша како „почетна точка“ за разговорите со Техеран – е ќорсокак.
Тој нагласи дека инсистирањето на такви позиции нема да ги зближи Иран и Европа, додавајќи дека неговата земја нема да преговара за нејзините одбранбени способности, вклучително и за ракетната програма.
„Во секој случај, Иран ќе ги разгледа европските предлози во Техеран и ќе ги претстави своите одговори на следниот состанок“, рече претставникот.