Свет
Најмалку 70 уапсени при растурањето на њујоршкиот протестен камп
Њујоршката полиција денеска рано изутрина го растури кампот на демонстрантите од „Окупирајте го Волстрит“ во паркот Зукоти во Менхетен и при рацијата уапси преку 70 демонстранти.
Њујоршката полиција денеска рано изутрина го растури кампот на демонстрантите од „Окупирајте го Волстрит“ во паркот Зукоти во Менхетен и при рацијата уапси преку 70 демонстранти.
На демонстрантите им било наредено да го напуштат кампот, во кој протестираа против економската нееднаквост уште од септември, затоа што натамошниот престој на демонстрантите претставувал „опасност по здравјето и од пожар“.
На демонстрантите им биле поделени летоци во кои се бара веднаш да ги отсранат сите приватни ствари од паркот, но и дека ќе можат ад се вратат штом паркот биде исчистен. Сеапк, во соопштението од канцеларијата на градоначалникот Мајкл Блумберг се вели 9 дека на демонстрантите повеќе нема да им бидедозволено да поставуваат „приватен имот и опрема“ во паркот.
Според портпаролот на полицијата, Пол Браун, повеќето деммонстранти мирно го напуштиле паркот, но една група пружила отпор и одбила да си замине, некои од нив дури и се врзале со лисици за дрвата. Повеќе од 70 лица биле уапсени,а демонстрантите тврдат дека полицијата употребила прекумерна сила и солзавец.
Вчера беше расчистен и кампот на демонстрантите во Оукленд, Калифорнија. Во рацијата на полиција во овој камп беа уапсени 33 лица. Овој камп во Оукленд во изминативе недели беше поприште на неколку изблици на насилство и во кампот и околу него и полицијата го прогласи како „место на злостор“ веднаш штом го зазеде.Слична рација во Портланд, Орегон, во неделата вечерта заврши со апсење на 50 демонстранти, а полицијата мораше да настапи со опрема за демонстрации.Полицијата во државата Вермонт го растури кампот на демонстрантите откако минатата недела еден човек смртно се застрела во еден од шаторите.
Кампови на демонстрантите од „Окупирајте го Волстрит“ беа растурени и во американските градови Денвер, во Колорадо и во Солт Лејк Сити во Јута. Во Денвер беа уапсени 17 демонстранти.
Во Сеинт Луис, Мисури, каде што во неделата беа уапсени 27 демонстранти, адвокатите на движењето изјавија дека барањето на демонстрантите повторно да го запоседнат кампот во центарот на градот ќе го проследат до Врховниот суд на САД.
Движењето „Окупирајте го Волстрит“ (Occupy Wall Street) започна во септември, како протест против економската нееднаквост и инспирираше десеттици такви протести ширум светот. Движењето бара поеднаква распределба на светското богатство и тврди дека најбогатите еден процент од населението на САД поседува најголем дел од богатството на земјата, додека ова движење ги застапува останатите 99 проценти. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.