Контакт

Свет

Нови насилства во Сирија и по истекот на ултиматумот на Арапската лига

Објавено пред

Само неколку часа по истекот на ултиматумот на Арапската лига со кој се повикуваше на прекинување на репресииите во безредијата во Сирија, во насислтвото во земјата смртно настрадаа уште 16 лица, од кои 11 се цивили.

dobivaj vesti na viber

Само неколку часа по истекот на ултиматумот на Арапската лига со кој се повикуваше на прекинување на репресииите во безредијата во Сирија, во насислтвото во земјата смртно настрадаа уште 16 лица, од кои 11 се цивили.Во меѓународната заедница сѐ погласни се предупредувањата дека Сирија се ближи кон граѓанска војна. Необрнувајќи вниимание на ваквите предупредувања, режимот во Дамаск  презема насилни акции за справување со демонстрантите коишто  бараат заминување на претседателот Башар ал-Асад. Според Опсерваторијата за чпвекови права со седиште во Лондон, во саботата во разни делови од Сирија биле убиени 11 цивили. Седум настрадале во напад на војската во Кафр Такрем во севорозападната покраина Идиеб, а две лица биле убиени во судири меѓу војската и дезертерите во Кусеира. Еден цивил бил убиен во напад од заседа во Хомс, а уште еден при претрес на домови во градот Хама. Според регионалната Комисија за координација на опозициските сили во Сирија, сириската армија упаднала во градот Шезар во покраината Хами, претходно гранитарајќи го градот со тешко оружје, а потоа почнале претресите. Во саботата дезертираните војници убиле четворица припадници на сириските безбедносни сили во средишниот дел од земјата.Во петокот илјадници Сиријци се собраа во главниот град Дамаск по петочните молитви да му изразат поддршка на ал-Асад и неговата најава за спроведување на програмата за политички реформи.Демонстрантите, исто така, протестираа против какво и да е странско мешање во внатрешните работи на Сирија, како и против одлуката на Арапската лига да го суспендира членството на земјата.Опозицијата и западните земји ги обвинуваат сириските безбедносни сили дека стојат зад убиствата во земјата, но владата обвинува дека станува збор за исклучоци, во кои се инволвирани саботери и вооружени терористички групи кои го поттикнуваат насилството во кое има жртви, истакнувајќи дека немирите се раководени од странство.Повеќе од 3.500 лица се убиени во Сирија од средината на март, кога земјата ја зафати бранот протести против владата, објави пред десетина дена официјален претставник на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.Според сириската опозиција бројот на жртвите од судирите во земјата надминува четири илјади луѓе. Сириската власти, пак, тврдат дека судирите се испровоцирани од вооружени групи кои се поддржани и уфрлени од странство, а дека бројот на загинати не надминува повеќе од 1.500 мртви од двете страни, од кои најмалку 1.100 се припадници на сириските безбедносни сили.Сириската опозиција која е организатор анти-владините протести, бара неодложна оставка на претседателот Башар ал-Асад. Ова барање е поддржано и од САД и земјите на Европската унија кои воведоа голем број економски санкции против Сирија.Минатата седмица сириските власти соопштија дека безрезервно го прифатиле арапскиот план за излез од кризата на министерскиот состанок на Арапската лига кој се одржа во минатата среда во седиштето на организацијата египетската престолнина Каиро.Во Сирија изминатите осум месеци континуирано се одвиваат анти-владини протести, кои започнаа во средината на март во јужниот дел на земјата, во градот Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони./крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

Објавено пред

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.

На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.

Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.

Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.

Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.

Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ воведува апликација за пријавување сајбер-насилство кај младите

Објавено пред

Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур.

dobivaj vesti na viber

Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат за помош“, поради што ќе се воведе алатка на ниво на ЕУ.

Таа повика земјите-членки да изработат национални планови и да воспостават заедничка дефиниција за сајбер-насилство, со цел подобра споредба на податоци и поефикасна заштита на младите.

Европската комисија потсети дека со Актот за дигитални услуги од платформите се бара повисоко ниво на приватност и заштита на малолетниците, додека со Актот за вештачка интелигенција се забранува манипулација и измама на корисниците.

Европратениците повикаа на поголема одговорност на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Свет

Витакер: Трамп и Зеленски ќе го потпишат мировниот договор кога ќе дојде време

Објавено пред

Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија.

dobivaj vesti na viber

Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир.

„Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам во тоа, туку и затоа што внимателно ги следам преговорите. Мислам дека сме поблиску до мир во Украина од кога било“, изјави тој.

Додаде дека документите за мировниот договор ќе ги потпишат Доналд Трамп и Володимир Зеленски „кога тоа ќе биде соодветно и кога ќе дојде време“.

„Сметам дека треба да продолжиме да се молиме за мир, но истовремено да обезбедиме Украина и натаму да има, преку програмата ПУРЛ (програма преку која европските членки на НАТО од САД купуваат оружје за Украина) и други иницијативи, сè што ѝ е потребно за да се брани“, рече Витакер.

САД очекуваат земјите-членки на НАТО во наредните два дена да објават нови обврски за купување американско оружје за Украина.

Витакер посочи дека трите земји кои досега купиле најмногу американско оружје за Украина преку програмата ПУРЛ се Германија, Холандија и Норвешка.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди долари за купување вооружување за украинските вооружени сили во рамки на истиот програм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија7 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија8 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија9 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија10 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет10 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија11 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија12 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија12 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет12 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет13 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет13 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет14 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа14 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет14 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет15 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...