Свет
Барак: На Асад му се заканува субдината на Гадафи
Сирискиот претседател Башар ал-Асад стигна до точката од која нема враќање и му се заканува истата судбина која ги снајде поранешните лидер на Либија и на Ирак, Моемер ел-Гадафи и Садам Хуесин, оцени во саботата навечер израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.
Сирискиот претседател Башар ал-Асад стигна до точката од која нема враќање и му се заканува истата судбина која ги снајде поранешните лидер на Либија и на Ирак, Моемер ел-Гадафи и Садам Хуесин, оцени во саботата навечер израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак. „Мислам дека стигна до точката од којашто нема враќање, нема начин да го поврати својот авторитет или легитимитет“, ги цитира АFP зборовите на Барак на маргините од меѓународната конференција за безбедност во канадскиот град Халифакс. Израелскиот министер за одбрана проценува дека режимот на Асад може да падне во текот на идните месеци под сѐ поголемиот меѓународен притисок.„Мене, исто така, ми е јасно дека она што му се случи пред неколку седмици на Гадафи, и што му се случи на Садам Хусеин, сега може нему да му претстои“, вели Ехуд Барак мислејќи на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според процените на Обединетите нации, во насилствата меѓу сириските власти и учесниците во анти-владините протести во Сирија коишто траат повеќе од половина година, досега се убиени повеќе од 3.500 луѓе./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Свет
Руте понуди решение за тензиите меѓу Вашингтон и Копенхаген
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи можно решение за спорот меѓу Соединетите Американски Држави и Данска околу Гренланд, јавува CNN, повикувајќи се на европски извори.
Според телевизиската мрежа, Руте предложил ревизија на Договорот за одбрана на Гренланд од 1951 година, со цел во документот да се вклучат јасни гаранции што би ги забраниле кинеските инвестиции на овој остров. Таквиот чекор, како што е посочено, би можел да одговори на безбедносните загрижености на Вашингтон и во исто време да ги намали тензиите со Копенхаген.
Руте верува дека измената на постојниот договор би претставувала институционална рамка што би спречила понатамошно влошување на односите меѓу САД и Данска, а воедно би го задржала постојниот систем на колективна безбедност во рамките на НАТО.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно неколку пати изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да го купат Гренланд, тврдејќи дека Данска не е во состојба соодветно да ја брани таа територија.

