Свет
Папандреу, Берлускони и Сапатеро – кој е следен?
Финансиската криза во Европската унија однесе уште една „жртва“, премиерот на Шпанија, Хозе Луис Сапатеро кој претрпе тежок пораз на вонредните избори.
Финансиската криза во Европската унија однесе уште една „жртва“, премиерот на Шпанија, Хозе Луис Сапатеро кој претрпе тежок пораз на вонредните избори.
Сапатеро за помалку од еден месец е трета жртва на должничката криза. Премиерите на Грција и Италија, Јоргос Папандреу и Силвио Берлускони мораа да ги напуштат своите функции по кратка постапка.
Минатата година поради тоа „паднаа“ претседателите на владите на Португалија и Ирска, Жозе Сократеш и Брајан Коен.
„Пред нас е тешко време. Ќе се борам против дефицитот, големите долгови, економската стагнација и сè што ја погодува нашата земја во овие критични околности“ истакна новиот шпански премиер Маријан Рахоја свесен дека се соочи со најголемиот предизвик во кариерата.
Со доаѓањето на технократот Марио Монти и Лукас Пападимос и сега лидерот на Народната партија во Шпанија кризата во еврозоната не е решена. Тоа е долгорочен проблем , кој што, како што се најавува, ќе биде главна тема на декемвриските разговори во Брисел.
„Кризата во Европската унија е системска и потребни се нови мерки и напори за решавање на финансиските и економските проблеми“ предупреди оваа седмица претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Стравот од продлабочување на кризата веќе го наметнува прашањето која е следната најслаба алка во еврозоната, која има 17 членови.
Според најновата листа на „Европлус монитор“, која што е неодамна направена на основа на конкурентноста, финансиското однесување и економскиот развој, во најлоша ситуација, покрај Грција се и Кипар, Португалија , Италија, Франција и Шпанија.
Со се поголеми проблеми се соочува и Словенија, а има и предупредувања дека Италија може со себе да ја повлече и Австрија иако таа засега има одличен бонитет.
„Франција е следната слаба карика во еврозоната“ предупредуваат финансиските експерти. Таа засега е подобра отколку Италија бидејќи има долг од 1.600 милијарди евра, но финансиските проблеми се се посложени.
Претседателот Никола Саркози е на мака бидејќи Франција влегува во изборна година. Владата во Париз на почетокот од месецов воведе мерки за штедење, за да обезбеди дополнителни приходи во државата од 65 милијарди евра.
Саркози меѓутоа, се воздржува од преземање на радикални потези, бидејќи се плаши дека тоа би можело да предизвика гнев кај бирачите на претстојните избори, особено што анкетите покажуваат дека сериозно заостанува зад социјалистичкиот кандидат за претседател на Франција.
Финансискиот колапс на Кипар и Португалија, или евентуално Словенија, западна Европа би можела да преживее. Но поголем потрес во Шпанија и Франција, две водечки економии на ЕУ, сигурно би го загрозила функционирањето на еврозоната./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Свет
Руте понуди решение за тензиите меѓу Вашингтон и Копенхаген
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи можно решение за спорот меѓу Соединетите Американски Држави и Данска околу Гренланд, јавува CNN, повикувајќи се на европски извори.
Според телевизиската мрежа, Руте предложил ревизија на Договорот за одбрана на Гренланд од 1951 година, со цел во документот да се вклучат јасни гаранции што би ги забраниле кинеските инвестиции на овој остров. Таквиот чекор, како што е посочено, би можел да одговори на безбедносните загрижености на Вашингтон и во исто време да ги намали тензиите со Копенхаген.
Руте верува дека измената на постојниот договор би претставувала институционална рамка што би спречила понатамошно влошување на односите меѓу САД и Данска, а воедно би го задржала постојниот систем на колективна безбедност во рамките на НАТО.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно неколку пати изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да го купат Гренланд, тврдејќи дека Данска не е во состојба соодветно да ја брани таа територија.

