Свет
Полицијата уапси 29 демонстранти на Флорида
Американската полиција уапси најмалку 29 демонстранти од движењето „Окупирај…“ во Флорида, откако движењето продолжува да се шири во оваа сојузна американска држава.
Американската полиција уапси најмалку 29 демонстранти од движењето „Окупирај…“ во Флорида, откако движењето продолжува да се шири во оваа сојузна американска држава.Полициските сили ги уапсиле демонстранти од локалното движење „Окупирај ја Тампа“, по обвинување дека тие одбиваат да го напуштат паркот Риверфронт, јави порталот The Sacramento Bee.Според официјални претставници на полицијата, демонстрантите ќе ја минат ноќта во локалниот затвор Хилсборо Каунти.Во меѓувреме, властите Лос Анџелес, поднесоа кривични пријави против 20-тина демонстранти уапсени за време на рацијата во средата против приврзаниците на движењето „Окупирај го Лос Анџелес“, а повеќе од 200 уапсени во средата, остануваат во затвор. Според официјални лица, тие би можеле да бидат казнети парично до дваесет илјади долари.Претходно вакви акции на расчистување беа преземени во Њујорк, во Оукленд, државата Калифорнија, Портланд, Орегон и во сојузната држава Вермонт. Движењето „Окупирај го Волстрит“ започна во Њујорк на 17-ти септември. Демонстрантите протестираат против безработицата, владините политики и финансиски институции, нарекувајќи ги „финансиски терористи“, а, исто така, тие бараат и повисоки даноци за богатите. Активистите веруваат дека дејствуваат во име на мнозинството од населението на САД (оттука другото име за движење е „99 отсто“). Наскоро потоа слична кампања започна и во неколку други западни земји, како Канада, Австралија, Германија, Велика Британија./крај/птп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

