Свет
Секс-скандалите на претседателските кандидати во САД
Од претседателите Томас Џеферсон до Бил Клинтон , секс-скандалите продолжуваат да излегуваат на површина во американската политика, пишува Гласот на Америка.
Од претседателите Томас Џеферсон до Бил Клинтон , секс-скандалите продолжуваат да излегуваат на површина во американската политика, пишува Гласот на Америка.Еден од републиканските претенденти за претседателската функција, Херман Кејн беше последниот. Најпрво беа наводите за сексуално напаствување, а потоа за вонбрачна 13-годишна афера.Оттогаш, наваму неговата поддршка во јавноста значително опадна. Многумина испитаници сметаат дека со најновиот развој на настаните, тој е надвор од трката.Историчарот Алан Лихтман од Американскиот Универзитет, за Галсот на Америка вели дека секс-скандалите ја откриваат арогантноста во политиката.„Овие скандали се особено опасни кога влијаат врз таканаречените семејни вредности на кандидатите кои се чини дека проповедаат едно, а практикуваат друго. Тоа е фундаментална навреда на американскиот народ“, вели Лихтман.Еден од случаите е и оној со претседателскиот кандидат од редовите на Демократската партија Џон Едвардс во 2008-та година. Неговата политичка кариера пропадна кога американската јавност дозна дека бил во врска со жена инволвирана во неговата кампања, со која подоцна имал и дете.Доказ за тоа дека секс-скандалите не мора да значат крај на нечија политичка кариера, е случајот со поранешниот претседател Бил Клинтон. Тој беше во неговиот втор мандат, кога беше обелоденета информација за афера со стажантка Моника Левински во Белата куќа.Иако во Претставничкиот дом се поведе постапка за негово отповикување заради тоа што лажел за односот со девојката, Клинтон успеа да го задржи високиот рејтинг во јавноста.Во меѓувреме, на американската политичка сцена останува да се види дали кандидатурата на Мајкл Кејн може да опстои и дали еден од неговите главни републикански ривали, поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, може да има најголеми шанси да ја добие републиканската кандидатура за претседателската функција./крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

