Свет
Бројот загинати во нападите во Кабул се зголеми на 52
Најмалку 52 Авганистанци ги загубија животите во две одделни експлозии што во вторникот наутро одекнаа во авганистанскиот главен град Кабул и во северниот град Мазар-и-Шариф
Најмалку 52 Авганистанци ги загубија животите во две одделни експлозии што во вторникот наутро одекнаа во авганистанскиот главен град Кабул и во северниот град Мазар-и-Шариф, кога шиитскита муслимани го одбележуваа празникот Ашура со кој ја одбележуваат смртта на на третиот шиитски имам, имам Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.Во вторникот, една бомба експлодираше во центарот на Кабул, каде што шиитите се собраа да го одбележат денот на Ашура, јави AFP. Во овој напад загинаа најмалку 48 лица, вклучувајќи и деца, а стотина се ранети.Портпаролот на полицијата во Кабул, Хашматулах Станекзаи, изјави дека експлозијата се случила во светилиштето Абу Фазел, каде што шиитските верниците ги извршувале своите траорни ритуали.Малку подоцна утрово, во одделен инцидент, загинаа четворица Авганистанци, меѓу кои еден војник, во експлозија на бомба оставена на велосипед во близина на џамија во северниот град Мазар-и-Шариф во провинцијата Балк.Милиони шиитски муслимани од целиот свет одржуваат траорни ритуали во чест на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, и многу нему лојални следбеници кои биле убиени во битката за светиот град Карбала во Ирак, пред 1.300 години.Имамот Хусеин и неговиот брат Абаз и нивните 70 приврзаници се убиени во 680 г. во Карбала во битка со војниците на Омајадскиот калиф Јазид. Жените и сестрите на убиените од војниците на Јазид ги земале со нив во Дамаск. Таму, на калифот заедно со нив му била донесена и главата на Хусеин. На 40-от ден по смртта на имамот Хусеин, неговата сестра Зејинаб се вратила во Карбала од Дамаск, носејќи ја со себе главата на нејзиниот брат која ја закопала во неговиот гроб.Денес, како и пред 13 века во периодот од 20-ти до 25-ти јануари секоја година, мнозинството шиити за кои смртта на Хусеин е симбол на мачеништвото за верата, се борат против неправдата, тиранијата и угнетувањето, на истиот начин својата почит како и Зејинаб ја искажуваат одејќи пеш до Карбала.Во вторникот, шиитски муслимански верници почнаа со славењето на празникот Ашура, годишнината од смртта на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во муслиманската традиција, на денот на Ашура верниците се потсетуваат на најзначајните настани од религиозна историја на муслиманите: создавањето на небесата, земјата и морето, раѓањето на Адем (Адам); излегувањето на пророкот Нух (Ное) од ковчегот; одлуката на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син Исмаил (во библиска традиција – Исак), ставање крај на страдањето на пророкот Ајуб (Јов); спасението на Муса (Мојсеј). На овој ден, шиите организираат процесии во кои учесниците се удираат со тупаници во градите како и нанесувајќи си повреди со удари со синџири и со остри предмети. Самоказнувањето е персонификација на посветување на верните, еден вид барање искупување за вината за неуспехот да се заштити од смртта имамот Хусеин. Празнувањето на празникот Ашура во последните неколку години го одбележија со крвави терористички напади. На пример, во Ирак на овој ден речиси традиционално се извршуваат напади од сунитите против шиитите. Во моментов, речиси 99 отсто од населението на Авганистан и’ припаѓа на исламската вероисповед, а три четвртини се сунити, додека 25 отсто се шиити./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Турција претстави ново оружје кое може да погоди цели на оддалеченост од над 100 километри
Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија.
„Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари.
Новата муниција „Ерен“ е развиена од идеја до оперативен производ за помалку од една година, соопшти „Рокетсан“. Веќе е успешно тестирана на повеќенаменското борбено беспилотно летало „Bayraktar Akinci“, а се очекува сериското производство да започне оваа година.
Муницијата е дизајнирана да ги задоволи оперативните потреби на Турските вооружени сили, како и на партнерските и сојузничките земји. Може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, копнени системи за лансирање и поморски платформи.
Наменета е за справување со бавно движечки воздушни цели и оклопни и неоклопни копнени цели. „Ерен“ е опремен со напредни системи за наведување и има оперативен дострел од повеќе од 100 километри.
Свет
Кина нуди помош за Куба поради недостиг на гориво за авиони
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема извештаи за кинески државјани на Куба откако авиокомпаниите ги прекинаа летовите поради недостиг на гориво за авиони предизвикан од блокирањето на пратките од Венецуела од страна на САД, и дека секогаш е подготвено да „понуди помош“.
Портпаролот на надлежното министерство, Лин Џиан, изјави дека Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на националниот суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање, објави Ројтерс.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна колку што можеме“, нагласи тој.
Свет
Трамп бара половина сопственост врз мостот што ги поврзува Канада и САД: „Нема да го отвориме“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го блокира отворањето на нов мост што ги поврзува САД и Канада сè додека Вашингтон не биде „целосно компензиран“ за сè што му направил на својот северен сосед.
Меѓународниот мост Горди Хау, кој ја поврзува канадската покраина Онтарио со американската држава Мичиген, нема да се отвори сè додека Отава „не се однесува праведно кон САД и со почитта што ја заслужуваме“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си.
Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп рече дека САД треба да поседуваат „барем половина од овој имот“. Тој исто така тврдеше дека Канада е сопственик и на канадската и на американската страна од мостот. Според официјалната веб-страница на проектот, организацијата што го развива мостот, Windsor-Detroit Bridge Authority е во целосна сопственост на канадската влада.
„Канадската влада очекува од мене, како претседател на САД, да им дозволам едноставно да ‘ја искористат Америка!’“, напиша Трамп. „Нема да дозволам овој мост да се отвори сè додека САД не бидат целосно компензирани за сè што им дадовме“, додаде тој.
Не беше веднаш јасно како Трамп може да го спречи отворањето на мостот, но рече дека преговорите ќе започнат веднаш, без да даде детали.

