Контакт

Свет

Во Дурбан заврши Конференцијата за климатските промени

Објавено пред

Учесниците на Меѓународната конференција на Обединетите нации за климатските промени која во неделата заврши во Друбан, ги усвоија насоките за дејствување кои би требале да доведат до постигнување заеднички договор на сите земји во светот до 2015 година

dobivaj vesti na viber

Учесниците на Меѓународната конференција на Обединетите нации за климатските промени која во неделата заврши во Друбан, ги усвоија насоките за дејствување кои би требалo да доведат до постигнување заеднички договор на сите земји во светот до 2015 година за намалување на емисијата на штетните гасови, но експертите сметаат дека планот не е доволно агресивен.Целта на договорот, чијашто правна страна сѐ уште не е дефинирана, треба на сила да стапи до 2020 година.Меѓународната задница се обидува да го ограничи зголемувањето на температурата на планетата на два Целзиусови степена, но празните ветувања на некои земји дека ќе се ангажираат на намалувањето на штетните гасови не придонесува за остварување на оваа цел. Истражувањето коешто им беше претставено на учесниците на годинешната конференција, покажа дека планетата Земја е на добар пат да се соочи со зголемување на глобалната температура за 3,5 отсто.Учесниците на собирот по 14 дена преговори а требаше да заврши на 9-ти декември, во ноќта кон неделата по 24 часовни интензивни преговори, успеаја да се договорат за продолжување на Протоколот од Кјото, единствениот глобален договор со кој се пропишува намалувањето на емисијата на штетните гасови, а чиј прв период на примена завршува кон крајот на 2012 година. Одлуката за иднината на овој протокол, единствениот обврзувачки правен документ кој во повеќето индустриски развиени земји ја ограничува емисијата на штетните гасови, е еден од клучните резултати постигнати на конференцијата.На конференцијата во Јужноафриканската Република, е одлучено и да се преземе и втората обврзувачка фаза од Протоколот. Таа би се однесувала на земјите од Европската унија, а Канада, Јапонија и Русија, веќе претходно се изјаснија дека не сакаат повторно да се обврзуваат на овој начин. „Успеавме да постигнеме САД, Индија и Кина да им се приклучат на насоките за дејствувањето, што ќе го гарантира глобалниот договор“, изјави британскиот министер за енергетика и климатски промени, Крист Хјун.Според текстот на документот, учесниците одлучија  да „го започнат процесот на развој на протоколот, правен инструмент или договорен исходот од преговорите кој ќе ја има силата на правно обврзувачки документ, што се применува од сите страни“, за чија цел се формира и работна група на Дурбанската платформа за активизација на дејствијата (AWG- DPEA).Учесниците на конференцијата не можеа да се согласат два дена како да се именува работната група. Првичната верзија на текстот ја предлагаше формулацијата „правен рамковен документ“, но ЕУ, малите островски држави од асоцијацијата (АОSIS) и најмалку развиените земји (LDC) се спротивставија на формуалцијата, нарекувајќи ја премногу мека.Како одговор на овие забелешки во текстот е ставена формулацијата „протокол или друг правен инструмент“, но таквата формулација, пак, не беше прифатлива за САД, Кина, Индија и Бразил, а потоа и како трета опција во него е додадено  „правниот исход од преговорите“.По повеќе од еден час разговари за формулацијата на отворен состанок на маргините од конфренцијата, претставниците на Европската унија, Кина, Индија и САД се согласија за конечниот формулација, која потоа е одобрена.Според Акциониот план, новата група треба да ја заврши својата работа „што е можно поскоро, но не подоцна од 2015 година“, така што договорот треба да биде донесен на 21-та сесија на преговорите меѓу земјите во 2015 година а да стапи на сила во 2020 година.Покрај тоа, со одлука на конференцијата е формиран работен план за подобрување на исполнувањето на обврските за намалување на емисиите на штетните гасови. Во преамбулата се констатира „значаен јаз“ меѓу сегашното ниво на посветеност и она што е потребно да се стори со цел да се намали зголемувањето на просечната глобална температура во распонот од 2 или 1,5 Целзиусови степени. Развојот на овој работен план ќе треба да се спроведува во 2012 година.Според планот, новата работна група ќе ја почне својата работа во следните шест месеци. Актуелниот орган на конвенцијата, одговорен за развојот на „пост-Кјото“ режимот – работната група за долгорочна соработка (AWG-LCA), формирана во 2007 година, ќе ја заврши својата работа до крајот на годината, а потоа ќе биде распуштена./крај/афп/рн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Избран е новиот врховен лидер на Иран

Објавено пред

Од

Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.

dobivaj vesti na viber

Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.

Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.

Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.

Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“

Објавено пред

Од

Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.

dobivaj vesti na viber

„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.

Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.

„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“

Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“

Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.

Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.

„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.

ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје

Објавено пред

Од

Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.

Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.

„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија8 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија15 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија15 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија15 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија15 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија16 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија16 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија18 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија18 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет20 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет20 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет20 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет21 час

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет21 час

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет21 час

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет21 час

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...