Свет
Прва годишнина од почетокот на Арапската пролет
Со очајничкиот чин на самозапалување на 17 декември 2010 година, тунискиот уличен продавач Мохамед Буазизи укажа на немоќта пред корупцијата и ја започна годината на Арапската пролет во текот на која со демонстрации, но и крвави граѓански војни, беа срушени диктаторски режими.
Со очајничкиот чин на самозапалување на 17 декември 2010 година, тунискиот уличен продавач Мохамед Буазизи укажа на немоќта пред корупцијата и ја започна годината на Арапската пролет во текот на која со демонстрации, но и крвави граѓански војни, беа срушени диктаторски режими и целосно беше сменета политичката карта на Блискиот исток.
Дваесетишест годишниот Буазизи оваа недела беше постхумно одликуван со европската мировна награда „Сахаров“. Тој се запали заради тоа што му беше одземено правото да се жали на забраната за продавање овошје, изречена затоа што немал пари да ја подмити полицијата. Неговата смрт беше орозот за демонстрациите против претседателот и неговата клика во оваа туристичка земја со висока стапка на невработеност и на сосема неоправдана сиромаштија.
Тунис: Во неделата кога се навршува една година од почетокот на Арапската револуција, Тунис доби нов претседател и нов мандатар за влада. Тунис беше првата држава која со демонстрации го сруши долгогодишниот недемократски претседател Зине ал-Абидин Бен Али. Тој побегна во Саудиска Арабија, но во отсуство беше осуден на повеќе од 66 години затвор заради проневера на пари, криминал со недвижнини и злоупотреба на власта.
Египет: Во туниските демонстрации загинаа 300 луѓе, но бранот се прошири и на најнаселената арапска држава, Египет. Таму 83-годишниот претседател Хосни Мубарак беше присилен конечно да се повлече од власта по 30 години владеење. Со 830 мртви, египетската револуција беше многу покрвава и многу понеизвесна. Првите слободни избори се уште се во тек, во тек е и судскиот процес против Мубарак, кој доколку биде прогласен за виновен, се соочува со смртна казна.
Либија: Во средината на фебруари оганот на револуцијата ја зафати и Либија, каде што прерасна во крвава граѓанска војна. Во оваа војна беа убиени над 30.000 луѓе, а срушениот лидер Моамар Гадафи беше убиен на 20 октомври, без судење. За неговото убиство ќе има судски процес пред Меѓународниот казнен суд и би можело да биде прогласено за воено злосторство.. Во ноември беше поставена новата, транзициска влада на Либија, која веднаш се соочи со обвинувања за крајна нетранспарентност.
Јемен: Гушењето на демонстрациите против режимот на претседателот Али Абдел Салех однесе стотици животи, а тој дури на 23 ноември потпиша дека ќе си замине од власта за три месеци. Новите избори во оваа најсиромашна арапска земја ќе се одржат на 21 фебруари.
Сирија: Од 15 март, кога започнаа првите демонстрации против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, убиени се повеќе од 5.000 луѓе. Наспроти санкциите од Запад и од арапските соседи, режимот и натаму продолжува со репресиите. Во судирите силите лојални на претседателот се вклучија и воените дезертери, кој се борат под знамето на „Слободна Сирија“. Сириската опозиција во странство формираше транзиционен совет, кој меѓународната заедница и Арапската лига ги обвини за пасивност кон настанатите во земјата.
Бахреин: Кралството Бахреин во Персискиот залив во фебруари и во март се соочи со масовни демонстрации на шиитското мнозинство против сунитското кралско семејство, на кого во помош му пристигнаа саудиските војници. Независна комисија утврди дека власта употребила неоправдана сила, а кралското семејство го прифати извештајот, но не презема никакви чекори.
Јордан: Во кралството Јордан од јануари постои движење кое бара политички и економски слободи и сузбивање на корупцијата. Никој не го става под знак на прашање опстојувањето на монархијата.
Мароко: Со промената на уставот, кралството Мароко одговори на демонстрациите со кои се бараа политички реформи. Умерените исламисти победија на парламентарните избори и нивниот претседател беше назначен за премиер на земјата. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

