Свет
Повторно судири во Казахстан, еден мртов

Едно лице загина, а 11 се повредени во повторниот судир на демонстрантите со полицијата на западот на Казахстан, објави во недела Канцеларијата на јавниот обвинител.
Едно лице загина, а 11 се повредени во повторниот судир на демонстрантите со полицијата на западот на Казахстан, објави во недела Канцеларијата на јавниот обвинител.
Претседателот Нурсултан Назарбаев во саботата прогласи 20-дневна вонредна состојба во градот Жанозен, нафтен центар каде што во петокот во судирите меѓу демонстрантите и полицијата загинаа 10 луѓе.
Демонстрантите ја запалија зградата на градската управа во Жаносен, како и седиштето на нафтената компанија Узенмунаигас, огранок на KazMunaiGas Exploration Production (КМГ ЕП). КМГ ЕП соопшти дека нафтените погони работат редовно, но дека се засилени безбедносните мерки.
Жанозен, град со 90.000жители, се наоѓа на 150 километри од Каспиското езеро. КМГ ЕП, дел од државната нафтена и гасна компанија KazMunaiGas, поточно нејзиниот погон Uzenmunaigas, оваа година беше погодена од масовни штрајкови на работниците, кои бараат поголеми плати и подобри услови за работа, поради што драстично се намали производството на нафта. Вкупно досега, од почетокот на штрајкот во септември, од работа се отпуштени 989 работници. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Доминик Лефевр (63) поминал една недела од годишниот одмор во Мароко, ни најмалку несомневајќи се дека ќе го пречека вистински кошмар кога ќе се врати дома.
Кога се вратил од одмор подготвен да ги плати сите сметки кои се натрупале, го забележал долгот за телефoн со огромна цифра.
Во полето каде што стоел износот пишувало: „должи: 37.621,91 евра“.
Оваа сметка не само што му ги расипала спомените од одморот, туку сериозно му ја загрозила и егзистенцијата.
Според неговиот мобилен оператор, француската телекомуникациска компанија Orange, Лефевр за време на одморот потрошил преголема количина интернет податоци. Така, наводно, се појавил толку високиот износ на сметката.
Сепак, Лефевр тврди дека својот телефон речиси и не го користел. Ни за време на претходните одмори во Мароко не се соочил со слични проблеми.
„Или сум бил жртва на хакерски напад, или на техничка грешка,“ вели тој.
Лефевр ангажирал адвокат, бидејќи – како што вели – трошокот не би можел никако да го плати.
Според извештаите, Orange тврди дека тој имал тарифен пакет што вклучувал 5 GB податоци во роаминг во Мароко. Таа граница, наводно, била надмината.
Му биле испратени вкупно 16 СМС пораки со предупредување за прекумерна потрошувачка.
Како точно дошло до толкаво пренесување податоци и до толку висок износ, сè уште не е разјаснето.
По враќањето од одмор, Orange му ја исклучил телефонската линија – која му била од суштинско значење за неговиот кафе-бар. Без интернет, 63-годишникот не можел да ја користи фискалната каса.
Во меѓувреме морал да ангажира друг провајдер за да продолжи со работењето, без да го плати побаруваниот износ на Orange.
На крајот, сепак, било постигнато компромисно решение: Orange ја намалил сметката од над 37.000 евра на 500 евра.
Овој потег бил оправдан со веродостојноста на клиентот и неговата долгогодишна лојалност. Лефевр бил клиент цели 38 години и секогаш навремено ги плаќал сметките.
Операторот и понатаму тврди дека немало ни хакерски напад, ни технички дефект.
Регион
(Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
Ko da mu je vladu šio Đuro, a ne on sam… pic.twitter.com/h8ixFb8E4t
— Џyлc (@doprinositelj) September 20, 2025
Свет
Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

Покраините Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија планираат да предложат нов закон кој ќе забрани пушење во автомобили ако во нив има деца или бремени жени. Предлогот ќе биде поднесен до Федералниот совет на 26 септември 2025 година.
Целта на законот е да се заштитат најранливите лица од штетниот чад од тутун. Досега, поканите за доброволна претпазливост не помогнале, па пушачите и понатаму пушат во возила во присуство на деца и бремени жени.
Министерот за здравство на Северна Рајна-Вестфалија, Карл-Јозеф Лауман, вели дека пушењето во автомобил со деца или бремени жени е неодговорно, затоа што чадот може да им наштети на нивното здравје.
Според германски научници, околу еден милион деца редовно вдишуваат чад од тутун во возила, што го зголемува ризикот од сериозни болести.
Иако специфичните казни сè уште не се дефинирани, се очекува дека тие ќе се движат помеѓу 500 и 3.000 евра.
Слични закони веќе постојат во Италија, Франција, Велика Британија и други европски земји. Казните таму се движат од неколку стотици до неколку илјади евра.
Ако предлогот биде прифатен, Бундестагот ќе треба да го донесе конечниот закон.