Свет
Еврозона: Фискалниот пакт стапува на сила по ратификацијата од девет земји-членки
Новиот меѓувладин договор за засилување на фискалната дисциплина во еврозоната би стапил на сила кога ќе4 го ратификуваат девет од 17-те земји членки на еврозоната, се вели во првиот нацрт на фискалниот пакт кој им беше доставен на лидерите на земјите-членки.
Новиот меѓувладин договор за засилување на фискалната дисциплина во еврозоната би стапил на сила кога ќе4 го ратификуваат девет од 17-те земји членки на еврозоната, се вели во првиот нацрт на фискалниот пакт кој им беше доставен на лидерите на земјите-членки.
Текстот под наслов „Меѓувладина спогодба за засилена економска унија“ им бил доставен на лидерите кон крајот на минатата работна недела. Се работи за нацрт-договорот за новиот фискален пакт, чии принципи беа договорени на самитот на ЕУ на 9 декември, а кој засега само Британија го одби експлицитно.
Првиот нацрт-договор го изработија стручњаците од Европскиот совет и ќе послужи како подлога за работата на работната група на Европскиот совет, која во понеделник ќе започне со работа на детаљите од овој фискален пакт. Целта е работата на текстот на договорот да биде завршена до крајот на јануари 2012 година, потпишувањето на договорот е предвидено за почетокот на март, а ратификацијата би требала да заврши до средината на идната година.
Не се исклучува ниту можноста договорот да биде потпишан на почетокот на фебруари, на вонредниот самит на ЕУ. Според првиот нацрт, договорот би стапил на сила кога ќе го ратификуваат девет земји-членки на еврозоната.
Бидејќи се работи за меѓувладин договор, а не за промена на Лисабонскиот договор за ЕУ, не постои опасност една од земјите-членки да ја блокира целата постапка, како што се случуваше со речиси сите договори за ЕУ. Лисабонскиот договор мораше два пати да биде ставен на референдум во Ирска, а долго се чекаше и на конечниот потпис на претседателот на Чешка, Вацлав Клаус.
Сега таквото сценарио би можело да се одбегне штом спогодбата ја ратификуваат повеќе од половина од 17-те земји-членки на еврозоната. Другите држави, каде што ратификацијата евентуално би била закочена, би можеле да му се приклучат на пактот подоцна.
Нацрт-договорот предвидува сите држави-потписнички во своите устави да го вградат таканареченото „златно правило“, според кое буџетските дефицити не смеат да надминат три проценти од БДП-то на одредена земја, а јавниот долг не смее да надмине 60 проценти од БДП. Една од земјите-членки може да покрене судски процес пред Европскиот суд на правдата против друга членка, која нема да ги почитува заедничките правила. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

