Свет
Загриженост по смртта на Ким Јонг-ил
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ил умре на 69-годишна возраст и зад себе остави некомплетна транзиција на власта кон неговиот син, што предизвика стравувања за сериозна нестабилност во регионот.
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ил умре на 69-годишна возраст, соопшти севернокорејската државна телевизија.
Ким, кој го водеше еден од последните комунистички бастиони од смртта на неговиот татко во 1994 година, умрел во воз додека бил на посета на област надвор од престолнината, се вели во официјалното соопштение. Во 2008 година, Ким доживеа мозочен удар и беше целосно отсутен од јавноста неколку месеци.
Во траурното соопштение прочитано на државната телевизија се вели дека Ким умрел од физичка и ментална преоптовареност. Подоцна беше прецизирано дека умрел од срцев удар.
Предвидениот и подготвуван наследник на „големиот лидер“ е неговиот трет син, Ким Јонг -ун, кој и речиси целосно непознат на пошироката јавноста и за кого се смета дека се уште нема ни 30 години. Државната новинска агенција КЦНА веќе го повика севернокорејскиот народ да се обедини зад помладиот Ким.
„Сите членови на партијата, воени лица и целата јавност треба верно да го следи водството на другарот Ким Јонг-ун и да го заштитува и натаму да го засилува обединетиот фронт на партијата, армијата и пошироката јавност“, пренесе новинската агенција. Државните медиуми исто така веќе го нарекоа Ким Јонг-ун „големиот наследник на револуционерната кауза“, што е прва ваква метафора од многуте кои најверојатно секојдневно ќе ги слушаат Севернокорејците.
Погребот на Ким Јонг-ил ќе се одржи во Пјонгјанг на 28 декември, а со погребниот комитет ќе раководи Ким Јонг-ун. Период на национална жалост е прогласен од 17 до 29 декември.
Ретките добри познавачи на приликите во Северна Кореја на запад сметаат дека смртта на Ким Јонг-ил ќе предизвика силни потреси ширум земјата – крајно бедна држава со нуклеарен арсенал и многу малку сојузници.
Веднаш по објавувањето на веста за смртта на Ким Јонг-ил, јужнокорејската амрија беше ставен во состојба на готовност, а националниот совет за безбедност на Јужна Кореја се собра на итен состанок. И јапонската влада веднаш започна со итна седница посветена на безбедноста.
Кин, најблискиот сојузник на Северна Кореја и најголем трговски партнер, официјално соопшти дека земјата е „потресена“ од веста за смртта на Ким. Од Вашингтон, пак, велат дека „одблизу го следат“ настани во земјата, како и дека „САД и натаму ќе биде посветена на стабилноста на Корејскиот полуостров и на слободата и безбедноста на нивните сојузници. Американскиот претседател Барак Обама имал телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Ли Мјунг-бак, во кој се договориле за „блиска соработка при справувањето со ситуацијата“.
На веста за смртта на Ким Јонг-ил реагираа и азиските берзи, кои доживеаја благ пад.
Ким Јонг-ил го наследи раководењето со Северна Кореја, која веќе 60 години технички е во состојба на војна со Јужна Кореја, од својот татко Ким Ил-сунг. Кратко откако дојде на власт, земјата ја зафати ужасна глад предизвикана од катастрофално погрешните економски реформи и слабата жетва предизвика смрт од глад на преку два милиона луѓе.
Неговиот режим непрекинато беше изложен на силни критики поради фрапантното кршење на човековите права и земјата е речиси целосно изолирана на меѓународен план поради обидите да креира нуклеарни оружја.
Под раководството на Ким Јонг-ил, огромни средства и беа алоцирани на армијата и во 2006 година Северна Кореја го изврши своето прво тестирање на нуклеарно оружје. По три години, следеше и второто тестирање. Тогаш беше составена преговарачка комисија со цел да се издејствува прекин на нуклеарната програма на Пјонгјанг, во која учествуваа двете Кореи, САД, Русија, Кина и Јапонија. Преговорите се заглавени веќе неколку месеци.
Ким Јонг-ил го промовираше својот син како наследник минатата година и се очекуваше транзицијата на власта да земе замав во 2012 година.. сега, со некомплетна транзиција, многумина познавачи стравуваат дека смртта на Ким може да е предвесник на „многу нестабилен период“ за Северна Кореја.
„Мораме да бидеме многу загрижени, затоа што секогаш кога минува низ внатрешна нестабилност, Северна Кореја бара надворешна ситуација за и го сврти вниманието на домашната јавност, а тоа вклучува и воени провокации“, вели професорот Ли Јунг-хун, експерт за меѓународни односи при Универзитетот „Јонсеи“ во Сеул.
Она од што сите засегнати најмногу стравуваат е фактот дека многу малку се знае за синот на Ким Јонг-ил – не е позната дури ни неговата точна возраст. Тој бил образуван во Швајцарија и е син на најомилената сопруга на Ким Јонг-ил, сега починатата Ко Јунг-хуи.
Ким Јонг-ун има постар брат, Ким Јонг-чол и постар полубрат, Ким Јонг-нам – и двајцата прескокнати во изборот на наследник на севернокорејскиот „трон“. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„ВизЕр“ и „ФлајДубаи“ организираат летови за враќање на Унгарците од Блискиот Исток
Унгарија организира враќање на своите граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот. Два авиона, секој со 90 патници, ќе полетаат од Аман, Јордан, утре и четврток, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека е можно да се влезе во Јордан од Израел преку два копнени гранични премини. Во исто време, „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови од Египет, а авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати исто така делумно го обновуваат сообраќајот, објавува Daily News Hungary.
Во гостувањето во подкастот „Час на вистината“, Сијарто објасни дека во Израел има многу унгарски граѓани кои можат да ја напуштат земјата со одење во Јордан или преминување во Египет преку граничниот премин отворен 24 часа на ден.
За да се олесни враќањето на Унгарците што пристигнуваат во Египет, авиокомпанијата „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови до Шарм ел Шеик од сегашните три на десет неделно, потврди министерот.
„Воздушниот сообраќај од Обединетите Арапски Емирати е делумно обновен, а авион на ‘ФлајДубаи’ полета за Унгарија попладнево“, објави Сијарто на „Фејсбук“.
Министерот потсети на напнатата ситуација во регионот, наведувајќи дека Иран ги продолжил своите сеопфатни напади врз земјите од Заливот преку ноќ и дека беспилотни летала биле насочени и кон амбасадата на САД во Ријад.
„Повеќето земји сè уште го држат својот воздушен простор затворен“, рече Сијарто, додавајќи дека „Катар ервејс“ сè уште не дал информации за продолжување на летовите.
Од друга страна, тој го потврди денешниот лет на „ФлајДубаи“, кој превезува патници со веќе купени билети.
„’Емирејтс’, исто така, ги обнови летовите, а неколку унгарски граѓани веќе го напуштија регионот, летајќи кон разни европски дестинации“, заклучи министерот.
Свет
Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговските односи
Шпанската влада одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекинување на трговските односи со Шпанија, која ја нарече „ужасен“ сојузник поради наводно несоработка во врска со воените бази.
Во соопштението, владата посочува дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и САД“, објави RTVE.es.
Владата, исто така, ја бранеше позицијата дека Шпанија е клучна членка на НАТО која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.
„Ние сме исто така извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и меѓусебно корисни трговски односи“, се наведува во соопштението.
И покрај сè, Мадрид посочи дека Шпанија ги има потребните ресурси за ублажување на евентуалните удари, за помош на секторите што би можеле да бидат погодени и за диверзификација на синџирите на снабдување.
Во секој случај, се додава во соопштението, волјата на владата е и секогаш ќе биде да се залага за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите, со меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право.
фото/Depositphotos
Свет
Израелска војска: Нападнавме таен ирански нуклеарен комплекс
Израелските воздухопловни сили нападнаа тајна иранска нуклеарна локација во предградието на Техеран порано денес, објави израелската војска.
На прес-конференција, портпаролката на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјави дека група нуклеарни научници „тајно работеле на развој на капацитети потребни за нуклеарно оружје“ во делумно подземниот објект.
Според ИДФ, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, за време на која цел беа иранските нуклеарни објекти, Иран „не ги запрел своите воени нуклеарни активности и продолжил да развива капацитети потребни за нуклеарно оружје, истовремено преместувајќи ја инфраструктурата на подземна локација заштитена од воздушни напади“.
ИДФ соопшти дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и „ја лоцирала нивната нова локација, што овозможило прецизен удар врз тајниот комплекс“.
фото/Depositphotos

