Свет
Доживотен затвор за поранешното водство во Руанда
Трибуналот за Руанда денеска ги осуди на доживотен затвор лидерите на некогашната владејачка партија Хуту во Руанда за учеството во геноцидот во 1994 година.
Трибуналот за Руанда денеска ги осуди на доживотен затвор лидерите на некогашната владејачка партија Хуту во Руанда за учеството во геноцидот во 1994 година.„Советот едногласно го осудува Матје Нгирумпатса, поранешен претседател на Националното републиканско движење за демократија и развој на ’доживотен затвор’“, рече судијата и додаде дека на иста казна е осуден и поранешниот заменик претседател на партијата Едуар Каремера.Двајцата се прогласени за виновни за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид затоа што не ги спречиле, ниту, пак, ги осудиле злосторствата што во 1994 година ги извршиле припадниците на подмладокот на нивната партија Интерахамве.Според пресудата, на 11 април 1994 година почна здружениот злосторнички потфат чија цел беше истребување на Тутсите. Истиот и следниот ден, пишува во пресудата, на припадниците на Интерахамве им било поделено оружје во хотелот „Дипломат“ во Кингала, со согласност на Нгирумпатса.Според податоците на Обединетите нации(ОН), околу 800.000 луѓе, во главно припадници на малцинската заедница Тутси и умерените Хуту, беа убиени во геноцидот извршен од април до јули 1994 година во Руанда.Злосторствата ги испланирале и ги извршиле екстремистите, припадници на мнозинската заедница Хуту. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.
„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.
„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.
NOW – Trump: "We're gonna cut off all trade with Spain, we don't want anything to do with Spain." pic.twitter.com/Zjm1zXflfu
— Disclose.tv (@disclosetv) March 3, 2026
„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.
Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, според шпанскиот државен радиодифузер RTVE.
Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.
фото/Depositphotos
Свет
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.
На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.
Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.
Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА

