Свет
Франција е најпесимистичка земја на светот

Франција е „најпесимистичката“ земја на светот кога станува збор за стопанските прогнози за идната година, покажа глобалното истражување на јавното мнение објавено во петокот.
Франција е „најпесимистичката“ земја на светот кога станува збор за стопанските прогнози за идната година, покажа глобалното истражување на јавното мнение објавено во петокот. Истражувањето под насловот „Крајот на годината“ што го спроведе институтот Gallup International во 51 земја, покажало дека Франција е најпесимистичката држава, а ја следат Ирска и Австрија.Дури 81 отсто до Французите сметаат оти „идната година ќе биде година на економски тешкотии“. „Французите никогаш не биле попесимисти како денес, дури ниту во 1978 година, по долгата нафтена криза која во прашање го доведе целиот стопански систем/“, се наведува во истражувањето што го пренесува Reuters.Европските држави се на првите девет места од списокот од десетте најголеми песимисти во светот. Десетти е Хонгконг, а потоа следи Северна Америка. Најоптимистичка земја на светот повторно е Нигерија.„Европа води во очајот“, а следи Северна Америка. Остатокот од светот, предводен од Африка, останува главно оптимистичен“, се наведува во истражувањето кое бил спроведувано од 26-ти октомври до 13-ти декември на репрезентативен примерок од 500 до 2.700 жители од секоја од 51-та земја, односно вкупно 45 илјади лица./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.
Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.
Свет
Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Иран по првичната објава на Трамп негираше дека е постигнато примирје и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.
Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа четири лица, според последните информации.
Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил на сила.
Свет
Катар соопшти дека една иранска ракета ја погодила американска база, нема штета или жртви

Катар синоќа потврди дека една иранска ракета ја погодила американската воздухопловна база Ал Удеид на нејзина територија без да предизвика жртви или штета, додека останатите проектили биле пресретнати и паднале во морето, јавува „Анадодлија“.
Оваа информација ја потврди заменик началникот на Генералштабот на вооружените сили на Катар Шаек ал Хајри за време на прес-конференција во Доха.
Првиот бран вклучувал седум проектили, од кои сите биле пресретнати и паднале во морето пред да стигнат до нивната цел. Вториот бран се состоел од 11 ракети, од кои само една ја погодила базата без жртви или материјални загуби, додека останатите ракети биле соборени, додаде тој.
Говорејќи на истиот брифинг, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари рече дека земјата го обезбедила својот воздушен и поморски простор, како одговор на иранските закани дека ќе ги таргетираат американските бази во регионот.
Иран лансираше низа проектили врз американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар, што означи драматична ескалација на тензиите откако САД извршија напади врз три нуклеарни постројки во Иран во неделата.
Регионалните тензии нагло ескалираа во неделата откако САД бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанц и Исфахан.
Американските напади се најновата ескалација на израелските напади врз Иран кои започнаа на 13 јуни, што го натера Техеран да возврати на Израел.