Свет
Почна протестниот митинг во Москва – контрадикторни бројки за масовноста
Околу 30.000 демонстранти се собраа денеска во центарот на Москва, на нов протест против фалсификувањето на изборните резултати под мотото „За чесни избори“.
Околу 30.000 демонстранти се собраа денеска во центарот на Москва, на нов протест против фалсификувањето на изборните резултати под мотото „За чесни избори“.
Агенцијата Франс прес, пренесувајќи информации од полицијата, пишува дека на протестот има околу 28.000 луѓе, додека нивните новинари проценуваат од лице место дека има околу 40.000 демонстранти.
Агенцијата АП спомнува присуство на „десетици илјади“, додека преку социјалните мрежи се најавени меѓу 50.000 и 80.000 луѓе.
Опозицијата тврди дека на митингот има 120.000 луѓе, но најавува дека протестите ќе продолжат и дека следен митинг ќе се одржи во февруари.
Демонстрантите носат пароли преку кои се осудува изборната измама.
Писателот Борис Акуњин беше еден од првите говорници на денешниот митинг. Тој го критикуваше Владимир Путин, сегашниот премиер и претседателски кандидат за изборите во март 2012 година, кој минатата недела на една емисија ја спореди опозицијата со мајмуни.
„Оној што ќе биде избран за претседател ни одговори со навреди. Дали сакате Путин да биде наш нов претседател“, рече Акуњин.
Поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин побара одржување на нови избори, пренесува агенцијата Интерфакс.
Тој рече дека претходните избори се одбележани со измами во прилог на партијата на Владимир Путин.Кудрин рече дека и Путин и претседателот Дмитриј Медведев се одговорни за незадоволството на народот кој се мобилизираше против лажирањето на изборите.
„Секако одговорни се владејачката партија Единствена Русија, Путин и Медведев“, рече Кудрин. Тој додаде дека Путин знае за неговиот став, но дека не му кажал дека ќе учествува на протестот.
На митингот се очекува да говорат и Михаил Горбачов, претседателскиот кандидат и милијардер Михаил Прохоров, поранешниот шаховски првак Гари Каспаров и други
Митинзите под името „За чесни избори“ најавени се денеска и утре во околу 100 руски градови и дваесетина градови во Америка и Европа. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос

