Свет
Шевчук победник на изборите во Приднестровје

Поранешниот претседател на парламентот на Молдавија, Евгениј Шевчук, е победник на претседателските избори во одметнатиот регион Приднестровје, соопштија во понеделникот молдавските и руските медиуми, повикувајќи се на извори во тамошната изборна комисија.
Поранешниот претседател на парламентот на Молдавија, Евгениј Шевчук, е победник на претседателските избори во одметнатиот регион Приднестровје, соопштија во понеделникот молдавските и руските медиуми, повикувајќи се на извори во тамошната изборна комисија.Четириесет итри-годишниот Евгениј Шевчук кој кампањата ја водеше со мото за борба против корупцијата и непотизмот, во вториот круг од претседателските избори освоил 73,88 отсто од гласовите. Неговиот противни, актуелниот претседатели на парламентот Анатолиј Каминскиј, кој ја имаше руската поддршка, освоил 19,67 отсто од гласовите, а „против сите“ се изјасниле 4,45 отсто од гласачите.. Актуелниот претседател Игор Смирнов, која е на чело на Приднестровје откако регионот се одвои од Молдавија и со нејзините сили водеше куса војна во 1992 година, испадна уште во првиот круг од изборите одржани пред две седмици. Смирнов кој владееше авторитарно и со цврста рака за Приднестровје бараше независност, пред извесно време ја загуби руската поддршка, кога Шевчук освои 38,55 а Каминскиј 26,33 отсто од гласовите. Приднестровје е меѓународно непризнат регион со половина милион жители, е многу зависен од руската помош, а Русија уште таму има стационирано свои 1.500 војници.Победникот на изборите Шевчук, ја загуби наклоноста на актуелниот претседател Смирнов во 2009 година, кога почна да се залага за намалувањето на претседателските овластувања. Иако не зборуваше за враќање во рамките на Молдавија, него го сметаат за компромисно решение и личност која ќе ги олесни преговорите за статусот на Приднестровје.Со преговорите во ткн „5+2“ формат, односно Молдавија, Приднестровје, Русија, Украина, ОЕБС, ЕУ и САД, се настојува да се постигне компромис – единствена држава Молдавија во којашто Приднестровје би имало голем степен на автономија. /крај/афп/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп му се закани на Авганистан

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа се закани дека „лоши работи“ ќе му се случат на Авганистан ако САД не ја вратат контролата врз воздухопловната база Баграм и одби да ја исклучи можноста за испраќање трупи за повторно заземање на таа база, објави Ројтерс.
„Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Американски Држави, ќе се случат лоши работи!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Трамп претходно изјави дека САД се обиделе да ја вратат контролата врз базата што ја користеле американските сили по нападите од 11 септември 2001 година.
Во петокот, тој им рече на новинарите дека разговара за ова со Авганистан. Повлекувањето на американските сили во 2021 година доведе до преземање на американските бази од страна на Талибанците и соборување на владата во Кабул, која е поддржана од САД. Авганистанските власти изразија противење на враќањето на американското воено присуство.
Сегашни и поранешни американски функционери приватно предупредуваат дека повторното освојување на базата Баграм во Авганистан би можело да изгледа како нова инвазија на земјата, за што би биле потребни повеќе од 10.000 војници и распоредување на напредни противвоздушни системи, пишува Ројтерс.
На вчерашното прашање дали ќе испрати американски трупи да ја преземат базата, Трамп одби директно да одговори, велејќи: „Нема да зборуваме за тоа“.
„Сега разговараме со Авганистан и го сакаме назад, го сакаме назад наскоро, веднаш. А ако не го сторат тоа – ако не го сторат тоа, ќе дознаете што ќе правам“, им рече тој на новинарите во Белата куќа.
Пространиот аеродром беше главната база на американските сили во Авганистан за време на дведецениската војна што следеше по нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон од страна на Ал Каеда.
Во базата некогаш се наоѓале ресторани за брза храна како „Бургер Кинг“ и „Пица Хат“ за американските војници, како и продавници во кои се продавало сè, од електроника до авганистански теписи. Таму се наоѓал и голем затворски комплекс.
Експертите велат дека воздухопловната база на почетокот би било тешко да се обезбеди и дека за нејзино функционирање и заштита ќе биде потребна огромна работна сила.
Дури и ако Талибанците прифатат враќање на САД во Баграм по преговорите, базата ќе треба да се брани од бројни закани, вклучувајќи ги и борците на Исламска држава и Ал Каеда во Авганистан. Исто така, таа ќе биде ранлива на закана од напредни ракети од Иран, кој нападна голема американска воздухопловна база во Катар во јуни откако САД извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран.
Свет
Стармер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри.
Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.
Признавањето на Палестина е голема промена во британската надворешна политика откако неколку претходни влади тврдеа дека признавањето треба да дојде како дел од сеопфатен мировен договор.
Овој потег предизвика остри критики од израелската влада, семејствата на заложниците и некои конзервативци. Израелскиот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека таквата одлука „го наградува теророт“.
Најавеното признавање беше критикувано и од водечките американски политичари, кои предупредија дека тоа ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.
Како што претходно најави португалското Министерство за надворешни работи, и Португалија денес официјално ќе ја признае палестинската држава.
Се очекува уште десет земји да го следат примерот на Португалија на Генералното собрание на ОН.
Свет
Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа по петиција и нема да се применува на постојните носители на визи кои повторно влегуваат во земјата, соопшти Белата куќа.
„Ова НЕ е годишна такса. Тоа е еднократна такса што се однесува само на петиција“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во објава на X во саботата.
Петицијата е барање од компанија да донесе квалификуван работник од друга земја во Соединетите Американски Држави.
Ливит рече дека на сегашните носители на визи H-1B кои моментално се надвор од земјата нема да им бидат наплатени 100.000 долари за повторно влегување во Соединетите Американски Држави.
Министерот за трговија, Хауард Лутник, во петокот изјави дека таксата ќе се плаќа годишно, но додаде дека деталите „сè уште се разгледуваат“. Појаснувањето од Белата куќа во саботата претставува отстапување од изјавата на Лутник.
Ливит рече дека носителите на H-1B визи можат да ја напуштат и повторно да влезат во земјата како што би правеле вообичаено и дека новата такса ќе се применува само во следната рунда на лотарија H-1B, а не за сегашните носители на визи или обновувања.
Од Белата куќа велат дека таксата се наметнува за да се изедначи полето за игра за американските работници, за кои рече дека се „заменуваат со пониско платена странска работна сила“.
Извршната наредба со која се воведува нова такса за виза H-1B, потпишана од претседателот Доналд Трамп, би можела да ги наруши глобалните операции на индиските компании за технолошки услуги кои ги испраќаат своите професионалци во САД, соопшти претходно индискиот надзорен орган за ИТ индустријата „Наском“.