Свет
САД ќе му дозволат престој на екс-претседателот на Јемен само за лечење

Американските власти на пораншениот претседател на Јемен кој неодамна си поднесе оставка, Али Абдула Салех, ќе му дозволат престој само за медицински третман, пренесува во понедeлникот Reuters повикувајќи се на извор во администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама.
Американските власти на пораншениот претседател на Јемен кој неодамна си поднесе оставка, Али Абдула Салех, ќе му дозволат престој само за медицински третман, пренесува во понедeлникот Reuters повикувајќи се на извор во администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама.„САД во моментов го разгледува барањето дозвола за влез во земјата на Салех. Единствената причина заради која тоа може да биде задоволено, е неопходноста да биде подложен на медицински третман“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата.Изворот на Reuters додава дека претставници на поранешниот претседател на Јемен неодамна се обратиле до американската амбасада во главниот град Сана’а и ги информирале американските дипломати за намерата на Салех наскоро да го напушти Јемен и да биде подложен на специјалистички третмани во САД. Според изворот на агенцијата, лекувањето е во врска со повредите со коишто Салех се здоби на 3-ти јуни годинава, при нападот на неговата резиденција од страна на неговите политики противници.Во саботата Салех откако ја напушти претседателската функција најави дека наскоро ќе отпатува за САД, но со политички цели. Поранешниот претседател изјави дека неговото патување ќе биде со цел да и’ се помогне на привремената влада на Јемен подобро да се подготват демократските избори. Салех не откри кога го планирана престојот во САД, велејќи само дека тоа нема да биде поради негово одржување на власт во Јемен.Анти-владините протести со коишто се бараше оставката на Салех, кој беше на власт речиси 33 години, избувнаа во Јемен од почетокот на февруари годинава. Според западните медиуми. за време на безредијата во земјата загинаа стотици луѓе, а илјадници се ранети.Но и покрај оставката на Салех, немирите не престануваат. Во моментов, земјата ја управува привремена влада според мировниот план на Советот за соработка на арапските земјите во Персискиот залив, кој предвидува заминување од власта на претседателот Салех и нејзин трансфер на опозицијата во замена за имунитет за него и за неговото семејство од кривична одговорност.Сега илјадници демонстранти во Јемен бараат судење на Салех. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин
Европа
Започнува судењето на бездомничката од Алжир која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес започнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокираше Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петок, 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка која престојувала во станот на нејзината сестра во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Час и половина подоцна, камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези, вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот брзо доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеци пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата, Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот Фресне, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин