Свет
Британската полиција уапси уредници на весникот Sun
Британската полиција во саботата уапси четворица сегашни и поранешни уредници на весникот Sun, најпродаваниот таблоид на медиумскиот магнат Руперт Мардок, како и еден полицаец, во рамките на истрагата за подмитување од страна на новинарите на повеќе функционери и полицајци.
Британската полиција во саботата уапси четворица сегашни и поранешни уредници на весникот Sun, најпродаваниот таблоид на медиумскиот магнат Руперт Мардок, како и еден полицаец, во рамките на истрагата за подмитување од страна на новинарите на повеќе функционери и полицајци.
Полицијата, исто така, изврши претрес на лондонските канцеларии на Sun, весник во сопственост на компанијата на Мардок News International, која е британски огранок на корпорацијата News Corp, во рамките на истрагата поврзана со онаа за прислушувањето и хакирањето на телефони, поради кои беше згаснат таблоидот News of the World, исто така дел од корпорацијата на Мардок.
Управата на News Corp Одделот за внатрешни работи на компанијата, оформен по избивањето на скандалот со прислушувањето, во сабота соопштија дека полициската истрага е резултат на информациите кои ги открил Одделот и им ги предал на властите.
„News Corporation минатото лето вети дека неприфатливите начини на собирање на информациите повеќе нема да се повторат“, соопшти Одделот и го потврди апсењето на четворицата „поранешни и сегашни вработени“ во Sun.
Според информациите на агенцијата Reuters, се работи за четворица уредници во рубриката црна хроника. Петтиот уапсен е 29-годишниот полицаец од централната полициска станица на Лондон. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.
Свет
Двајца скијачи загинаа во лавина во САД, третиот успеал да се ископа од снегот
Откако вчера започна лавина во планините покрај Солт Лејк Сити, Јута, двајца скијачи загинаа, додека властите успеаја да спасат трет со хеликоптер.
Несреќата се случила во близина на Лон Пик, каде неодамна паднаа над 76 сантиметри снег. Центарот за лавина во Јута (UAC) ја потврди смртта на двајца мажи. Спасувачите досега не можеа да стигнат до нивните тела поради небезбедни услови. Центарот наведува дека фаталните лавини се ретки во овој период од годината.
Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата во кањонот Литл Котонвуд и потврдиле дека двајца скијачи загинале, пишува Би-би-си.
Третиот скијач успеал да се ископа од лавината и бил пренесен во болница. Имињата на загинатите мажи се уште не се објавени, но станува збор за скијачи на возраст од 23 и 32 години. Едниот бил од Јута, додека другиот пристигнал да скија од друга американска држава.