Свет
Меркел и Саркози го бранат европскиот договор
Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ја повтори својата поддршка за францускиот претседател Николас Саркози на француските претседателски избори во април годинава, д
Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ја повтори својата поддршка за францускиот претседател Николас Саркози на француските претседателски избори во април годинава, додека нејзиниот домаќин на заедничката прес конференција во Париз го критикуваше противкандидатот од редовите на социјалистите Франсоа Оланд кој го отфрли германско-францускиот договор за измена на европскиот договор.„Го поддржувам Николас Саркози во сите негови планови, бидејќи двајцата им припаѓаме на пријателски партии. Нормално е да ги поддржуваме пријателските партии.“, одговорила германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата во Париз запрашана зошто ја поддржува претседателската кандидатура на францускиот претседател Николас Саркози, пренесува AFP.Меркел повтори дека Саркози ја поддржал нејзината партија на изборите во 2009 година, додавајќи дека и кандидатот за француските претседателски избори од социјалистите Франсоа Оланд, присуствувал на конгресот на партијата на германските социјалдемократи SPD.Саркози од своја страна, пак, истакнал дека француско-германскиот ангажман околу европскиот договор е нешто што ги обврзува двата народа, двете држави а не политичарите. Со тоа индиректно му одговори на ривалот Оланд дека ќе го промени европскиот договор за буџетската дисциплина доколку биде избран, а според анкетите засега е во водство. „Кога Германија ќе го потпише договорот, кога Франција ќе го потпише договорот, тие ги обврзуваат германскиот народ, го обврзуваат францускиот народ, а не Германците и Французите кој ја поддржуваат десницата или левицата“, рекол Саркози. Новиот европски договор за буџетската дисциплина е прифатен од 25 од 27-те членки на Европската унија (освен Велика Британија којашто на минатиот самите во Брисел и’ се придружи Чешка), кој треба да го потпишат на идниот самит во март а потоа и да го ратификуваат.Со овие измени 25-те земји се обврзуваат во своите устави да го вградат ткн правило за буџетски баланс со што се согласуваат на речиси автоматски санкции доколку го надминат структурниот дефицит од дозволените 0,5 отсто. Особено на измените инсистираше Германија, во замена за политиката на финансиска солидарност со државите коишто се најдоа во криза, односно на зголемувањето на обемот на нејзиното учество во европските финансиски стабилизациски фондови./крај/афп/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

