Свет
Лавров: Русија не ja разбира логиката на земјите што ги повлекуваат амбасадорите од Сирија
Москва не ја разбира логиката на западните земји и државите од Персискиот залив, кои одлучија да ги повлечат своите амбасадори од Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Москва не ја разбира логиката на западните земји и државите од Персискиот залив, кои одлучија да ги повлечат своите амбасадори од Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.Одлуката на западните земји и земјите од Персискиот залив да ги повлечат амбасадорите од Сирија, не е адекватна за создавање услови за спроведување на мировната иницијатива на Арапската лига, изјави во средата во Москва рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по неговото враќање од Дамаск, каде што се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад..„Не мислам дека отповикувањето на амбасадорите создава такви услови коишто ќе бидат полезни за реализацијата на иницијативата на Арапската лига“, рече шефот на руската дипломатија, пренесува РИА НовостиПрвиот човек на руското министерство за надворешни работи, вели дека за Москва не е, исто така, јасно решението за брзото замрзнување на активностите на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија, која реално не постигнала многу, но сепак помогнала донекаде да се стабилизира ситуацијата во земјата.„Присуството на странските набљудувачи секогаш има одвратувачка улога. И не е јасно зошто некои држави од Персискиот залив ги повлекоа своите претставници од мисијата, и зошто таа мисија беше суспендирана во истиот момент кога нејзиниот извештај беше разгледуван во Советот за безбедност на Обединетите нации“, вели Лавров.Тој истакнува дека кога започнало разгледувањето на „мароканската“ нацрт резолуција во Советот за безбедност, Москва побарала во неа да се внесат конкретни барања за безбедносните сили, вооружените луѓе од градовите, а не таа да биде адресирана само на владините сили, туку и на вооружените групи кои се борат со владините сили.„Според мое мислење, тоа е логично, и фактот дека нашите колеги ко-автори на резолуцијата одбија да ги додадат овие барања коишто се однесуваа и на противниците на Асад, не знам како тоа може да се оправда, а потоа многу брзо да се инсистира дека со неприфаќањето на ова резолуција во Советот за безбедност, по вина на Русија и Кина, е испуштена можноста да се запре крвопролевањето. Ние ја пропушти можноста да им се обратиме на вооружените одреди, кои се борат против владините сили и заземаат градови и села. Оваа можност ние ја пропуштивме. Ако тоа беше целта на авторите на резолуцијата, би било исправно да се каже тоа“, изјави Лавров.Според Лавров, Русија, исто така, побарала да се вклучи во нацрт-резолуцијата точка за неопходноста да им се укаже на силите, или на оние кои имаат влијание врз нив, да ги повикаат опозициски групи на започнување национален дијалог. Меѓутоа, овој предлог беше одбиен, нагласува министерот за надворешни работи на Руската Федерација.Минатата седмица, Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив одлучи да ги повлече своите претставници од групата меѓународни набљудувачи во Сирија.Арапската лига ја испрати набљудувачката мисија во Сирија на 26-ти декември 2011 година по потпишувањето на сириско-арапскиот протокол за прием на набљудувачи на Лигата во земјата. На состанокот во Каиро на 23-ти јануари Арапската лига го продолжи мандатот на набљудувачката мисија во Сирија за еден месец, ветувајќи дека ќе ги прошири своите надлежности. Сириската влада се согласи со оваа одлука. Подоцна, сепак, Арапската лига ја суспендира работата на мисијата образложувајќи ја одлуката со „зголеменото ниво на насилство“ во земјата.Во Сирија, речиси една година не запираат анти-владините протести. Секојдневни се извештаите за десетици судири меѓу цивили и униформирани лица. Според извештајот на Обединетите нации, во 11-те месеци судири меѓу регуларните сили и одметнатите војници и опозициските групи загинале околу шест илјади луѓе. Властите на претседателот Башар ал-Асад против кого избија протестите кои преминаа во вооружени судири, тврди дека бројот жртви е околу 2.500, претежно припадници на полицијата и војската кои се напаѓани од „терористички групи оркестрирани однадвор“.Во саботата на 4-ти февруари, Русија и Кина со вложување вето го блокираа усвојувањето на резолуција за состојбите во Сирија од страна на Советот за безбедност на ОН. Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност, по вторпат во изминатите неколку месеци, го блокираа носењето резолуција за Сирија, сметајќи дека текстот е неприфатлив за нив. Во Москва и Пекинг стравуваат од повторување во Сирија „“либискиот сценарио“ со носењето на резолуцијата на Советот за безбедност, што овозможи странска воена интервенција со којашто беше соборен режимот на Моамер ел-Гадафи.Сирија претставува важен партнер на Русија на Блискиот исток и еден од најголемите купувачи на руско оружје во регионот./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА

