Свет
Затвореник чекал 31 година да му извршат смртна казна
Роберт Брајан Вотерхаус осуден за силување и убиство 31 година чекал денес да биде погубен на Флорида.
Роберт Брајан Вотерхаус осуден за силување и убиство 31 година чекал денес да биде погубен на Флорида. Шеесет и петогодишниот Вотерхаус е погубен во Државниот затвор Флорида со вбризгување на смртоносна материја со инекција. Делото за кое бил осуден го извршил пред 31 година. Во 1980 бил прогласен за виновен за силување и убиство на тогаш 29 годишната Дебора Кемирир од Сент Петерсбург, чие тело било пронајдено во заливот Тампа. Била претепана, силувана и фрлена во водата. Со убиецот била видена како напушта локален бар и потоа со автомобил заминува. Во истиот автомобил кој бил сопственост на Вотерхаус истражителите пронашле крв, коса , влакна и облека од убиената. Крај.тј.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа
Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани.
Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи.
Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. Премиерот Еди Рама го оцени како „благороден и целосно усогласен со принципите на Европската унија за рамноправност и недискриминација“.
Бившиот премиер Сали Бериша побара од амбасадорот на ЕУ во Албанија да објасни која европска директива бара ваков закон.
Властите нагласија дека целта е да се обезбеди еднаков третман и можности за сите граѓани, без оглед на полот, во сите сфери на јавниот и приватниот живот.
Во Тирана беа одржани и протести на граѓански организации кои го нарекоа законот „антинационален и антисемеен“, предупредувајќи дека може да се злоупотреби и дека не е применлив во пракса.
На истата седница, парламентот ја одби иницијативата за формирање комисија за смена на претседателот Бајрам Бегај, поднесена од опозицијата, која го обвинува за сериозни повреди на Уставот.
Свет
Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела
Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без одобрение од Конгресот. Гласањето заврши со резултат 51 спрема 49, најмногу по партиски линии. Само двајца републиканци се приклучија на демократите во поддршката на мерката.
Иницијативата беше предложена поради стравувања дека Трамп би можел да нареди напад врз Венецуела, откако американските сили во последните два месеца извршиле најмалку 16 напади на бродови во Пацификот и на југот од Карибите, при што биле убиени повеќе од 65 лица.
Главни поддржувачи на резолуцијата беа демократските сенатори Тим Кејн и Адам Шиф, како и републиканецот Ренд Пол. Тие предупредија дека администрацијата не понудила јасна стратегија за Латинска Америка и дека правното оправдување на нападите не спомнува директни операции на територијата на Венецуела.
Трамп претходно изјави дека овластил ЦИА да спроведува тајни операции, но потоа негираше дека планира копнени напади. Сепак, САД ја засилија воената присутност со воени бродови, авиони и илјадници војници во регионот.
Државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет го информирале Конгресот дека администрацијата „во моментов не планира војна со Венецуела“, но не обезбедиле детали за целите, трошоците и правното покритие.
Некои правни експерти предупредуваат дека нападите може да претставуваат кршење на меѓународното право и на американските закони.
Свет
Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите
Акционерите на „Тесла“ одобрија најголем пакет плата во корпоративната историја — речиси 1 билион долари — за извршниот директор Илон Маск. Планот предвидува доделување 12 транши акции ако компанијата ги исполни амбициозните цели во следните 10 години.
Маск би можел да ја зголеми сопственоста во компанијата од 13 на 25 проценти, а првата исплата би следела кога пазарната вредност на „Тесла“ ќе достигне 2 билиони долари. Целосниот пакет би се реализирал ако компанијата достигне 8,5 билиони долари вредност и 400 милијарди долари годишна добивка.
Оваа одлука доаѓа откако судот во Делавер минатата година го поништи претходниот бонус од 2018 година. Дел од инвеститорите изразија загриженост дека договорот му овозможува на Маск огромна добивка дури и без целосно исполнување на деловните цели.

