Свет
Најмалку 16 загинати во Ирак во напад на полициска академија

Најмалку 16 лица загинаа, а 26 се повредени во напад на бомбаш самоубиец на контролен пункт пред полициска академија, во североисточниот дел на Багдад.
Најмалку 16 лица загинаа, а 26 се повредени во напад на бомбаш самоубиец на контролен пункт пред полициска академија, во североисточниот дел на Багдад.„Бомбаш самоубиец со врзан експлозив околу појасот се крена во воздух пред полициската академија која се наоѓа во Палестинската улица“, соопштија претставник на локалната полиција.Во одвоени напади денеска во други делови на Ирак загинаа седум лица, од кои четворица полициски доушници, двајца припадници на силите за борба против тероризам и еден полицаец.Група напаѓачи, за кои се претпоставува дека се припадници на Ал Каида, нападнат изутрината една куќа во центарот на Бакубе, 60 километри од Багдад. Во нападот беа ликвидирани три жени и еден маж, кои биле полициски доушници.Непознати сторители извршиле напад над контролниот пункт во Аба Камиса, при што загинале еден полицаец и двајца припадници на антитерористичките сили. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ за руските дронови над Полска: Ова беше намерно

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека синоќешниот упад на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор бил „намерен, а не случаен“.
Калас го опиша настанот како „најсериозен упад во европскиот воздушен простор од почетокот на војната“. Таа додаде дека инцидентот покажува дека „војната на Русија ескалира, а не завршува“.
„Мораме да ја зголемиме цената за Москва, да ја засилиме поддршката за Украина и да инвестираме во европска одбрана“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ.
За потсетување, полската војска рано утрово објави дека соборила руски беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Денес се случи исклучително опасен преседан за Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша најновиот напад на Русија врз Украина, во кој беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, како „уште еден чекор на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“.
Зеленски рече дека најмалку осум беспилотни летала ја погодиле Полска. Русите ја нападнаа Украина преку ноќ со околу 415 беспилотни летала и повеќе од 40 ракети. Украинскиот лидер повика на посилен одговор од сојузниците и предупреди дека „одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници само значи зголемување на бруталноста на нападите“.
„Спасувачите моментално работат во Волочиск, Хмелницкаја област, каде што Русите со ракета погодија обична шивачка работилница. Досега се пријавени три повредени лица. Ова е само едно од местата на денешниот масовен руски напад: околу 415 дронови од различни видови и повеќе од 40 крстосувачки и балистички ракети.
15 од нашите области беа нападнати. За жал, едно лице беше убиено во гранатирање во Житомирската област. Моето сочувство до семејството и најблиските. Москва секогаш ги поместува границите и ако не наиде на силна реакција, ќе остане на ново ниво на ескалација“, рече Зеленски.
„Денес се случи уште еден чекор на ескалација. Руско-иранските „Шахеди“ дејствуваа во полскиот воздушен простор, во воздушниот простор на НАТО. Не само еден „Шахед“, што би можело да се нарече грешка, туку најмалку осум напаѓачки дронови насочени кон Полска.
Исклучително опасен преседан за Европа. Дали ќе има понатамошни чекори зависи исклучиво од координацијата и силата на одговорот. Русите мора да ги почувствуваат последиците. Русија мора да почувствува дека војната не може да се прошири и дека ќе мора да се запре. Паузата во санкциите траеше предолго.
Одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници значи само зголемување на бруталноста на ударот. Потребно е доволно оружје за да се уништи Русија. Потребен е силен одговор. А ова може да биде само заеднички одговор на сите партнери: Украина, Полска, сите Европејци, САД. Им благодарам на сите што помагаат“, нагласи тој.
фото: принтскрин
Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.