Свет
Северна Кореја и’ се заканува на Јужна со „света војна“
Војската на Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со „немилосрдна света војна“, само два дена откако Пјонгјанг постигна договор за нуклеарно разоружување со Соединетите држави, близок сојузик на Сеул.
Војската на Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со „немилосрдна света војна“, само два дена откако Пјонгјанг постигна договор за нуклеарно разоружување со Соединетите држави, близок сојузик на Сеул.
Одлуката на Северна Кореја да воспостави мораториум на нуклеарните проби, тестирањата на ракетите со долг дострел и збогатување на ураниум во замена за голема американска помош во храна, ги поттикна надежите дека на Корејскиот полуостров ќе дојде до попуштање на тензиите по доаѓањето на Ким Јонг–Ун на чело на Северна Кореја.
Меѓутоа, денешното соопштение на Врховната команда на Корејската народна амрија, во коешто увид има Associated Press, ја содржи познатата севернокорејска реторика, но сведочи за константни тензии особено од насилствата во 2010 година кога во потопен јужнокорејски брод и бомбардирање на пограничните острови се убиени 50 Јужнокорејци и кога е зголемен стравот од војна.
Нуклеарниот договор на САД и Северна Кореја потпишан во средата, се смета за пресврт. Меѓутоа, Вашингтон верува дека од клучно значење за успех на договорот е подобрувањето на врските меѓу двете корејски држави.
Неименуван служебник на севернокорејската војска рече дека Сеул предизвикува доста ризична ситуација поради заедничките воени вежби со САД кои се во тек./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

