Свет
Бројот на жртвите од торнада во САД се искачи на 31 човек
Бројот на жртвите од торнадата што ги погодија американските сојузни држави Индијана, Кентаки и Охајо, се искачи на 31 човек, пренесува Associatred Pressј повикувајќи се на полициски податоци.
Бројот на жртвите од торнадата што ги погодија американските сојузни држави Индијана, Кентаки и Охајо, се искачи на 31 човек, пренесува Associatred Pressј повикувајќи се на полициски податоци.Претходно, локалните власти јавија дека во невремето загинале 28 луѓе.Според претставникот на американската Национална метеоролошка служба (National Weather Service, Џон Гордон, во петокот попладне се регистрирани најмалку шест центри на торнада што погодиле голем број населени места.Најмногу погодена е сојузната држава Индијана. Тамошните власти соопштија за околу 15 мртви. Торнадото речиси го уништило градот Мерисвил. Во областа Челзи, пак, како што пренесува телевизијата CNN, целосно биле урнати неколку куќи.Во државата Кентаки, од невремето загинале 12 луѓе. Ве петокот гувернерот на државата прогласи вонредна состојба за да им се овозможи на локалните власти пристап до федералните ресурси.Покрај Индијана и Кентаки, од торнадата регистрирани се штети и во сојузните држави Тенеси, Алабама и Охајо.Во овие држави илјадници домови останале без електрична енергија, а во повеќето американски градови од налетите на ветрот се урнати далноводите за пренос на струја. Сериозна штета стихијата предизвикала и на зградата на еден од најдобро чуваните американски затвори во Алабама, но ситуацијата во затворот е мирна.Како што претходно забележа агенцијата AFP, во текот на минатата 2011 година, жртви на торнада во САД биле околу 545 луѓе, што е највисока бројка од 1936 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

