Свет
Путин прогласи чесна победа по 50 отсто од преброените гласови

Рускиот премиер Владимир Путин претседателски кандидат на владејачката партија Единствена Русија, по пребројаните материјали од 50 отсто од избирачките места е во водство со 64,4 отсто од гласовите и е веројатен победник уште по првиот изборен круг.
Рускиот премиер Владимир Путин претседателски кандидат на владејачката партија Единствена Русија, по пребројаните материјали од 50 отсто од избирачките места е во водство со 64,4 отсто од гласовите и е веројатен победник уште по првиот изборен круг.Според податоците на Централната изборна комисија на Руската Федерација, зад Путин се лидерот на руските комунисти Генадиј Зјуганов со 17 отсто, независниот кандидат милијардерот Мијаил Прохоров со 6,97 отсто, либералот Владимир Жириновски со 6,71 отсто и кандиатот на Справедлива Русија блискиот до Кремљ Сергеј Миронов со 3,72 отсто.Во апсолутни бројки тоа значи 17,89 милиони избирачи гласале за Путин, 4,785 милиони за Зјуганов и 1,9 милиони за Прохоров од вкупно 108 милиони руски државајни со право на глас. „Победивме во отворена и чесна борба“, изјави Владимир Путин пред десетици илјади негови приврзаници пред неговиот изборен штаб во Москва, што беше директно пренесувано на државната телевизија.„Ви реков дека ќе победиме. Победивме! Слава на Русија! Им благодарам на сите кои и’ рекоа ‘да’ на големата Русија“, дополни Путин, повторувајќи го мотото на неговата претседателска кампања. Веднаш до Путин беше неговото политичко протеже, претседателот на заминување и иден руски премиер Дмитриј Медведев.Пред стотина илјади поддржувачи, според процените на московската полиција, Путин оцени дека руските избирачи не дозволиле „уништување на руската држава“. „Нашите гласачи знаат да разликуваат желба за обнова од политички провокации чија цел е уништувањето на нашата држава и узурпирањето на власта. Таквите сценарија нема да минат во нашата земја“, рече Путин алудирајќи на протестите на опозицијата по декемвриските парламентарни избори коишто ја оспоруваат победата на неговата партија Единствена Русија.Претходно по првичните резулатите од 20 отсто од избирачките места реагиреше Зјуганов за кој изборите биле „гангстерски и апсолутно нечесни“. Владимир Рижков, еден од лидерите на руската опозиција којашто ги организира протестите против Путин, најмасовни во последните 12 години, изјави дека нема „параметри според кои изборите би биле легитимни“, тврдејќи дека неговите активисти избројале десетини илјади неправилности. Уште во петокот опозицијата за во понеделник најави протести, за што доби, според руските закони, дозвола од московските власти. Од друга страна, шефот на капањата на Путин, Станислав Говорухин, изјави дека „ова беа најчистите избори во руската историја“. „Наводните кршења за кои зборува опозицијата и противниците на нашиот претседател – се смешни“, додаде Говорухин.Изборите во Русија ги следа 600 меѓународни набљудувачи, меѓу кои најмногу од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБСЕ).За Владимир Путин ова ќе биде трет претседателски мандат, но прв со траење од шест години. Тој четири години мина на премиерската функција поради уставните ограничувања коишто спречуваат повеќе од два последователни претседателски мандата. Путин на претседатеслките избори во 2000 година победи со 53 отсто од гласовите, а во 2004 година со 71 отсто. Неговиот наследник на претседателската фунцкија, Дмитриј Медведев, во 2008 година победи со 70 отсто од гласовите. /крај/мф.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО бара зголемување на цените на алкохолот, тутунот и безалкохолните пијалоци за 50 проценти

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ги повика земјите да ги зголемат цените на алкохолот, тутунот и безалкохолните пијалоци за 50 проценти во следните десет години преку даноци за да помогнат во борбата против хроничните болести.
СЗО истакна дека ова ќе помогне да се намали потрошувачката на овие производи, кои придонесуваат за болести како што се дијабетес и некои видови рак, и да се соберат пари во време кога помошта за развој се намалува, а јавниот долг расте.
„Даноците за здравство се едни од најефикасните алатки што ги имаме“, рече помошникот генерален директор на СЗО за промоција на здравјето и превенција и контрола на болести, Џереми Фарар.
„Време е да се дејствува“, додаде тој.
СЗО започна иницијатива наречена „3 до 35“ на Конференцијата на ОН за финансирање на развојот во Севиља. Иницијативата би можела да собере 1 трилион американски долари до 2035 година.
СЗО со децении ги поддржува даноците на тутунот и зголемувањето на цените, а во последниве години повикува на даноци на алкохолот и безалкохолните пијалоци, но ова е прв пат да предложи специфични зголемувања на цените за сите три производи.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на конференцијата изјави дека даноците би можеле да им помогнат на владите „да се прилагодат на новата реалност“ и да ги зајакнат своите здравствени системи со зголемени приходи. Речиси 140 земји веќе ги зголемија даноците и цените на тутунот за просечно повеќе од 50 проценти од 2012 до 2022 година, забележа СЗО.
СЗО разгледува други даночни препораки, вклучително и оние за ултра-преработена храна, и ја финализира дефиницијата за тој вид храна во наредните месеци. Иницијативата е поддржана од Bloomberg Philanthropies, Светската банка (СБ) и OECD и вклучува поддршка за земјите кои сакаат да дејствуваат.
Свет
Топлотен бран во Европа: 8 загинати, стотици хоспитализирани, дискусии во Франција

Силен топлински бран го погоди големиот дел од Европа, при што досега се пријавени осум смртни случаи — четворица во Шпанија, двојца во Франција и двојца во Италија. Стотици лица се хоспитализирани, а температурите достигнаа и до 40°C во некои региони.
Во Шпанија, шумски пожари предизвикаа загуби на животи и штети на земјоделски површини. Во Франција, министерството за здравство предупредува на висок ризик особено за ранливите групи, а земјата е поделена поради дебатата за потребата од климатизација во јавните објекти. Крајно десничарскиот политичар Марин Ле Пен ја користи кризата за кампања, додека владата ја критикува таквата политика како штетна за климата.
Поради топлинскиот бран, некои региони се соочуваат и со опасност од силни невремиња, додека еден од нуклеарните реактори во Швајцарија беше привремено исклучен поради високите температури на водата за ладење.
Економски анализи предупредуваат дека екстремните температури може да го забават економскиот раст во Европа, додека научниците потенцираат дека климатските промени се главен фактор зад овие екстреми.
Свет
Хамас одговори на предлогот на Трамп: „Израел мора да се повлече од Газа“

Хамас соопшти дека ја разгледува понудата за примирје во Газа, која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „финална“, но истовремено бара Израел целосно да се повлече од палестинската енклава.
Трамп изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневно примирје со Хамас, по „долги и продуктивни“ разговори меѓу неговите претставници и израелската страна.
Хамас нагласува дека тежнее кон договор кој ќе значи целосно запирање на војната и повлекување на Израел од Газа.
Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во првото обраќање по најавата на Трамп повика на целосно елиминирање на Хамас, изјавувајќи: „Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Не се враќаме назад.“
Двете страни го повторуваат своето долгорочно ставови, што ја намалува веројатноста за компромис.
Во Газа владее надеж дека ќе се постигне барем краткотраен прекин на конфликтот. Камал, жител на Газа, изјави дека се надева дека овој пат ќе успее, што би спасило илјадници невини животи.
Нетанјаху се соочува со растечки притисок да обезбеди траен мир и да стави крај на речиси двегодишната војна, но неговата екстремно десничарска коалиција е против договор. Истовремено, притисокот врз Хамас расте, особено по американските и израелските напади врз нуклеарните постројки во Иран.